Мицкоски за оценката на Извештајот на Европската комисија рече дека има стагнација во неколку области, и оти „тоа и ние сите го зборуваме“.
– И тоа е владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата и затоа нон стоп зборувам дека се потребни промени во Судскиот совет, во Обвинителството итн. Сега веќе по завршувањето на изборите многу посериозно ќе се занимаваме со таа тема, додека, пак, во сите други области има одреден мал напредок или значлителен напредок. Јас генерално можам да го оценам како добар, инаку не можам да се согласам со констатацијата дека има некои други земји кои што се пред нас. На пример ние сме многу пред Албанија. Иако некои од еврокомесарите даваат такви изјави какви што даваа така што кога ќе се анализира состојбата на државите кој е спремен, кој не е спремен, објективна оценка е дека Црна Гора е прва, второто место сме ние и Србија, па потоа доаѓаат Албанија, БиХ, Косово, итн од земјите во регионот, рече Мицкоски.
Премиерот потенцираше дека Владата ќе продолжи да работи и дека тој е апсолутно фокусиран на реформите.





