САД на земјите партнери во Советот за безбедност на Обединети бации им ја презентираа нацрт-резолуција , со која се поддржува мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа, вклучително и распоредување на меѓународни сили составени главно од арапски и муслимански земји за набљудување на безбедноста.
Амбасадорот на САД во ОН, Мајк Валц го презентираше планот пред 10-те избрани членови на Советот за безбедност и неколку регионални партнери – Египет, Катар, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија и Турција.
Според дипломатски извори некои земји, вклучително и Индонезија, изразиле подготвеност да учествуваат во Меѓународните сили за стабилизација (ИСФ), со барање распоредувањето да се базира на мандат од СБ.
Планираните меѓународни сили се дел од договорот што доведе до прекин на огнот на 10 октомври меѓу Израел и палестинското движење Хамас, по двогодишниот конфликт.
Според договорот, тие ќе ја надгледуваат безбедноста за време на повлекувањето на израелската армија, додека следните фази од планот на Трамп вклучуваат понатамошно повлекување на Израел, разоружување на Хамас и реконструкција на енклавата.
Израел и палестинската милитантна група Хамас се согласија пред еден месец за првата фаза од мировниот план на Трамп за Појасот Газа, прекин на огнот и договор за ослободување на заложниците.
За да се усвои резолуцијата потребни се најмалку девет гласа за да се усвои, без вето од постојаните членки на Советот за безбедност на ОН – Русија, Кина, САД, Велика Британија или Франција.
Сè уште не е одреден датумот за гласање на американскиот план за Појасот Газа.





