Германија упати критики до Северна Кореја за лансирањето балистичка ракета претходно денеска, наведувајќи дека тоа ја загрозува регионалната и глобалната безбедност.
„Ја повикуваме ДНРК (Демократска Народна Република Кореја) веднаш да го запре незаконското развивање и тестирање на балистички ракети, како што е побарано во неколку резолуции на Советот за безбедност на ОН“, објави германското Министерство за надворешни работи на социјалните мрежи.
Лансирањето, кое се случи кон морето во близина на источниот брег на Северна Кореја, беше потврдено од Јужна Кореја и Јапонија. Ова доаѓа по серијата лансирања ракети во последните две недели и по повторената покана на американскиот претседател Доналд Трамп за преговори со Пјонгјанг.





