Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот официјален Инстаграм профил објави дека разговарал по телефон со Дијана Хрка и со Угљеша Мрдиќ и ги замолил да го прекинат штрајкот со глад.
„Утрово разговарав по телефон со г-ѓа Хрка и Угљеша Мрдиќ. Ги замолив да го прекинат штрајкот со глад, за да не си наштетат, за да имаат време за каква било политичка борба. Ја замолив г-ѓа Хрка да размисли и ја повикав во Претседателството на разговор“.
Тој објави дека прашал и доктори за здравјето на Хрка и на Мрдиќ.
„Сите добри луѓе во Србија се загрижени за нивното здравје и се молам и се надевам дека ќе донесат одлука да го прекинат штрајкот“, наведе тој.
Дијана Хрка, мајката на Стефан, еден од 16-те жртви во падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад лани, штрајкува со глад во близина на српскиот Парламент, веќе деветти ден.
Утрово била прегледана и од лекар, а утрово кон нејзиниот шатор бил фрлен топовски удар и најави дека нема да го прекине штрајкот со глад се додека институциите не почнат да си ја работат својата работа.





