ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Валентин Нешовски ја објави завршната книга од својата сај-фај трилогија: „Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“

November 13, 2025 14:41
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Валентин Нешовски официјално ја заокружи својата научно-фантастична трилогија со новиот роман „Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот“, кој штотуку излезе од печат во издание на „Антолог“. Првите две книги од серијата се „Една книга“ и „Последната мисла во универзумот“, а промоцијата на третиот дел ќе се одржи кон средината на декември.

„Излезе од печат мојата завршна книга од сај-фај трилогијата. Се вика ‘Кафеана на крајот и на почетокот од универзумот’ во издание на Антолог“, напиша Нешовски во својата објава, додавајќи дека читателите може да очекуваат промоција во декември.

На последната страница од романот авторот го остава следниот концепциски запис, кој ја открива филозофската насока на делото:

„Патување низ една вселена каде границите меѓу реалност и симулација се топат во чад од кафеанска ламба. Дон, Роб, Хал, Р2 и чудесни битија како Природата, Спектар и Моно се вплеткуваат во разговори што се нишаат меѓу смеење и апокалипса, меѓу научни формули и егзистенцијални прашања.“

Нешовски објаснува дека книгата „ја меша иронијата на Даглас Адамс, метафизиката на Ками и визијата на Лем“, но ја сместува во универзална кафеана – „архетипско место каде секоја цивилизација би можела да ја започне или заврши својата приказна“.

Во текстот се поставуваат теми за симулации, копии на реалноста и „симулакруми поавтентични од неа“, додека времето и законите на космосот добиваат необични, дури шеговити функции. Книгата го води читателот кон големото прашање: дали смислата на човештвото е „слободата што создава светови – или љубовта што ги чува“.

„Ова не е обичен роман, туку филозофска научна фантастика за оние што сакаат да го постават најстарото прашање на нов начин“, стои меѓу заклучните редови.

Tags: Валентин НешовскиКафеана на крајот и на почетокот од универзумот
Next Post

Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

НАЈНОВО

Филипче: Македонија е на дното во регионот најниски плати, највисока инфлација, најслаб економски раст

November 13, 2025

Предлог-измените на Законот за ДДВ го поминаа првото читање пред матичната собраниска Комисија

November 13, 2025

Глувци шетаат во тоалет во студентскиот дом „Пелагонија“ во Скопје – студентите добиле одговор: „Од глувци ли се плашите?“

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фатјон Софта: Северна Македонија, Косово и Албанија – под закана од тајни саботажи и дезинформации од Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk