По вчерашните натпревари во квалификациите, пласман на Светско фудбалско првенство 2026 во Канада, Мексико и САД изборија Португалија и Норвешка. Тие се 31-от и 32-учесник на Мундијалот 2026.
Италијанската фудбалска репрезентација синоќа загуби од Норвешка со 1:4 на домашен терен.
Франческо Еспозито го постигна единствениот гол за домаќините, додека Ерлинг Халанд (два гола), Антонио Нуса и Јерген Штранд Ларсен ги постигнаа головите за гостите.
Норвешка е прва со 24 бода по осум натпревари. Италија заврши втора во Група И (18 бода по осум натпревари) и ќе игра во плејофот.
Португалија вчера ја совлада Ерменија со убедливи 9:1 во последниот натпревар од групната фаза од квалификацискиот турнир за Светското првенство 2026. Натпреварот се одигра на „Естадио до Драгао“ во Порто.
Во Европа, квалификациската рунда, вклучувајќи го и плејофот, трае од март 2025 година до март 2026 година.
Пласман на СП 2026 досега изборија: Канада, Мексико, САД, Јапонија, Нов Зеланд, Иран, Аргентина, Узбекистан, Јужна Кореја, Јордан, Австралија, Бразил, Еквадор, Уругвај, Колумбија, Парагвај, Мароко, Тунис, Египет, Алжир, Гана, Зелен ’Рт, Јужна Африка, Катар, Англија, Саудиска Арабија, Брегот на Слоновата Коска, Сенегал, Франција, Хрватска, Португалија, Норвешка.





