Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, во пост на социјалната мрежа Х, на 1364 ден од руската војна во Украина објави за уште еден руски ракетен терор врз регионот Харкив и Днипропетровск во кој загина 17-годишно девојче.
Ден 1364. Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче. Во Днипропетровск – десетици згради се уништени, 2 лица се повредени. Ниту една држава не може сама да се спротивстави на таков терор – меѓународната поддршка е клучна. Русија нема да запре без цврст глобален притисок, напиша амбасадорката Дир на Х.
Како што соопштија регионалните власти, во руски ракетен напад врз градот Берестин во Харкивската област на 18 ноември, беше убиено 17 годишно девојче, а девет други беа повредени , .
Девојчето беше критично рането во нападот, а подоцна почина од повредите во болница, соопшти регионалниот гувернер Олех Синиехубов.
Шеснаесетгодишно момче беше меѓу ранетите. Седум од деветте повредени се хоспитализирани со траума од експлозија, соопштија официјални лица.
Руските сили ја интензивираа својата офанзива во Харкивската област оваа година, што предизвика зголемување на нападите врз градовите и селата подалеку од линијата на фронтот.
М. Д. / Цивил Медиа





