Венецуелскиот претседател Николас Мадуро синоќа изјави дека е подготвен да има „приватен“ разговор со својот американски колега Доналд Трамп.
Мадуро ја даде изјавата откако Трамп рече дека е подготвен да се сретне со венецуелскиот лидер и покрај тоа што САД распоредуваат флота воени бродови во Карипското Море како дел од нивната операција против трговијата со дрога.
-Во САД, секој што сака да разговара со Венецуела може да разговара со нас лице в лице, приватно. Нема проблем. Она што не можеме да го дозволиме е христијанскиот народ на Венецуела да биде бомбардиран и убиен, рече Мадуро како одговор на писмо од американски пастор за време на неговото неделно емитување на венецуелската јавна телевизија.





