ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Николовски: Оставка од Трипуновски затоа што остави илјадници земјоделци без пари и блокираше 130 милиони евра

November 18, 2025 14:21
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за земјоделство Трипуновски, како и до заменик министерот, кои се однесуваа на суспензијата на ИПАРД-програмата и огромните последици врз македонското земјоделство. Тој побара одговори за застојот на мерката 3, блокираните 130 милиони евра европски средства и одговорност за корупцискиот скандал што ги остави илјадници земјоделци без поддршка.

„Почитуван претседател на Собранието, почитувани колеги, почитуван министре Трипуновски, Два пати во време на ВМРО-ДПМНЕ се случува истата трагедија: суспендирање на ИПАРД програмата.

Прво во 2011 година, и сега повторно, во 2025. Ниту една друга влада која користела Европски средства нема ваква црна биографија. Оваа суспензија не е само административна мерка. Ова е удар врз срцето на македонското земјоделство. 130 милиони евра замрзнати. Ова не се апстрактни пари. Ова се повеќе од половина од средствата со кои и онака веќе се задолживте во вашата матична Унгарија, пари што со децении ќе ги враќаат нашите деца.

Но што е најстрашно – со оваа суспензија оштетивте 3.000 нови бизниси кои требаше да се отворат, и уништивте најмалку 10.000 нови работни места кои требаше да се создадат во руралните средини. Ова не се бројки. Ова се луѓе. Ова се семејства. Од винарите во Кавадарци и Неготино, до производителите на сирење во Берово. Од производителите на домати, зелка и краставици во Струмичко, до јаболкарите во Ресен и оризарите во Кочани.

Овие луѓе вложија кредити, земја, механизација, иднина. Тие требаше да отворат мали бизниси, да развиваат модерно земјоделство, да ја хранат државата. А вие, министре, ги оставивте сите нив на цедило. Ги лишивте од перспектива, од раст, од развој, и ги турнавте во нов бран иселување. Затоа што кога ќе убиете една шанса во руралните средини, вие не само што губите бизнис – вие губите поколение.

И додека ја криевте суспензијата, истовремено молчевте и за нешто друго: целосниот застој во реализацијата на ИПАРД 3 уште пред да се случи корупцискиот скандал.

Јавниот повик за Мерка 3 од ИПАРД 3 го објавивте на 13.04.2024 година. До денешен ден поминаа 18 месеци и 5 дена – а повикот сè уште не е затворен. 18 месеци обработка за една мерка

Во периодот кога јас бев министер, ИПАРД 2 функционираше. Сите повици се обработуваа во просек за 4 до 7 месеци. Сè беше навремено – и договори, и контроли, и исплати. ИПАРД 2 заврши со рекордна искористеност во регионот, без враќање на ниту едно евро назад кон ЕУ. Тоа покажува дека системот бил стабилен, стручен и функционален.

Истата слика ја гледаме и кај Мерка 7. Во ИПАРД 2 се обработуваше за околу 7 месеци по повик, со над 250 апликации. Вашиот повик од 05.11.2024, со само 128 апликации – една година подоцна сè уште не е затворен. Министре, зошто?

Министерството за финансии јавно кажа: Платежната агенција не смее да презема нови обврски, не смее да склучува договори и не смее да врши исплати. Имате 15 корисници што итно чекаат 400.000 евра. 30 чија исплата е планирана до март. Уште 115 може утре да поднесат барања за исплата – со кредити, хипотеки и имот под залог.

Дополнително на тоа се дрзнавте и целиот стручен кадар да го разместувате се со цел да поставите ваши луѓе кои гледаме како се однесуваат.

Моето прво прашање е: Зошто Мерка 3 од ИПАРД 3 доцни 18 месеци, а Мерка 7 повеќе од една година – кога истиот систем претходно функционираше навремено и ефикасно? На што се должи ова доцнење?

Додека вие бегате од одговорност, јас, како претседател на Комисијата за земјоделство, веќе предложив конкретни чекори – она што вие требаше да го направите уште првиот ден. Прво, утврдување на фактичката состојба и институционалните слабости – затоа побарав детални информации од сите надлежни за причините, обемот и последиците од суспензијата.

Второ, врз основа на овие наоди заеднички да се подготви Акциски план кој државата ќе го достави и презентира пред Европската комисија, со јасни рокови и мерки. А дополнително, неопходно е спроведување на сите системски подобрувања што веќе ги посочив – модернизација на процесите, зајакнување на контролите, професионализација на кадрите, усогласување со европските стандарди и воспоставување на проактивна комуникација со DG AGRI. Тоа е патот напред. Тоа е државнички пристап. Сè што вие, министре, не го направивте.

Министре, ова не е политички говор. Ова е вонредна состојба во земјоделството. Ова е штета која ќе се чувствува со години. Од први во регионот, нè донесовте до последни. Ова не е штета само за земјоделците. Ова е штета за европската перспектива на земјата. Затоа што кога ќе ви сопрат ИПАРД заради корупција, утре ќе ви сопрат и други програми. Кога ќе ја урнете довербата во една институција, ја уриваат довербата во сите институции.

Моето второ прашање до вас е: Зошто не одговоривте на моите официјални пратенички барања како претседател на Комисијата за земјоделство? Што криете од Собранието и од јавноста?

Причината за суспензијата е корупција, рекет и барање мито во Платежната агенција. Уапсени се директорот и уште четири лица. Меѓу нив – ваша блиска соработничка, посебен советник во вашиот кабинет. Ова не е „грешка во системот“. Ова е личен скандал, ваша одговорност. Неполитички напад – факт. Скандал во кој се зеле пари за да се одобруваат проекти, пари за да се „забрзаат предмети“, пари за да се тргнат од фиока. Тоа го предупредувавме. Тоа беше видливо – од заминување на професионалци, до партиски унапредувања и коруптивни мрежи. Европската комисија точно го нотираше тоа во кластер 5 – за првпат во историјата официјално бара антикорупциски мерки во Агенцијата. Тоа беше аларм. А вие, министре, го игнориравте. И сега државата плаќа цена.

Прво велевте „нема опасност“. Потоа дека „нема суспензија“. Потоа дека „50 договори се заглавени“, но дека – цитирам – „не било битно“. Министре, што не е битно? Договорите? Инвестициите? 3.000 планирани инвестиции? 10.000 работни места? Младите земјоделци кои остануваат без перспектива?

Затоа, министре, оставката е најмалку што треба да ја понудите. Не заради мене. Не заради политички поени. Туку заради тие 3.000 бизниси што нема да се отворат. За тие 10.000 работни места што нема да постојат. За тие семејства што вложија сè што имаат. За тие луѓе што ќе се иселат. За тие деца што ќе ја напуштат државата затоа што им ја затворивте иднината. И за земјава, која заслужува чесно, а некорумпирано и неспособно управување.

И конечно: Министре Трипуновски, дали ќе ја преземете личната и политичката одговорност за суспендирањето на ИПАРД 3?“, истакна Николовски

Next Post

Нови обвиненија против Шон „Диди“ Комбс

НАЈНОВО

Пратениците на СДСМ поднесоа иницијатива за основање Анкетна комисија за трагедијата во Кочани

November 18, 2025

Филков до Тренчевска од СДСМ: Законите ги подготвуваме низ јавен и транспарентен процес

November 18, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Полскиот министер за одбрана: Сите докази за саботажата на железничката линија во Полска укажуваат на Русија

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk