ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Димитриеска-Кочоска: Нема да има промена на даноците, дигитализацијата е клучна за ефикасно трошење на буџетските пари

December 26, 2025 10:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Проектираниот реален раст од 3,8% за 2026 година е реално остварлив. Даночните приходи ќе се реализираат согласно планираното, а дигитализацијата е клучниот фактор во сериозно зголемување на ефикасното трошење на буџетските пари. Ова го истакнува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за месечникот „Економија и бизнис“.

„Проектираниот реален раст за 2026 година е 3,8 % и сметам дека е реално остварлив. Но, секако дека ги следиме состојбите на глобално ниво и ги земаме предвид сите ризици. Затоа и буџетот за 2026 година не е проектиран со оптимистичко сценарио, туку би рекла напротив, доста внимателно, дури конзервативно. Свесна сум дека во буџетот веќе не постојат резервни средства (бафери) кои би можеле да се користат во време на кризи, претходната влада искористи сè што беше останато за кризни ситуации, а не успеа да се консолидира како што го направија тоа соседните земји. Затоа и проекциите се многу внимателни. Она што, секако, останува е фактот дека годинава проектираниот номинален БДП ќе биде над нашите очекувања, што остава простор за следната година од аспект на изразување на јавниот долг и на дефицитот како проценти. Во однос на даночните приходи, сметам дека тие ќе бидат остварени согласно планираното и тука нема ризици“, вели министерката во интервјуто.

Таа потенцира дека промена на даноците нема да има и дека тоа е ветување од предизборната програма, но дека ќе се отворат сите закони од областа на даноците и на царините со цел да се види каде има неусогласености.

„Апсолутно нема да има промена на даноците. Тоа го ветивме и во предизиборната програма. Секогаш се водам од правилото дека на државава треба да ѝ се плати толку колку што ѝ следува, ниту повеќе, но ниту помалку. Токму од таа причина и ги отвораме законите, да ги додефинираме работите за да нема недоразбирања. Ќе дадам пример од Законот за ДДВ. Почнавме да го работиме пред повеќе од еден месец. На мое инсистирање почнавме да ги читаме сите членови од Законот и констатиравме дека основни работи напишани уште во 2000 година не се сменети, а создаваат забуна сите овие години. Од таа причина вклучив и експерти, пред сè дел од консултантските куќи, кои на дневна основа се соочуваат со прашања на кои не можат да дадат прецизен одговор. Сето тоа се работи и ќе се работи со цел да имаме што е можно подобри и попрецизни закони. На тој начин нема да може да се заобиколува системот и да се правдаат поединци со недоречености во законите. За жал, она што е столб на државава, а тоа се законите од областа на даноците, низ годините се менувани само со козметички измени. Сега е време ова да се промени. Нам ни треба прво да постигнеме сите да плаќаат даноци, а потоа да размислуваме за промена на даночните стапки“, посочува Димитриеска-Кочоска и додава дека само дигитализацијата може да го намали сериозно неефикасното трошење на буџетските пари.

Во интервјуто се осврнува и на реализацијата на капиталните расходи, повратот на ДДВ кон компаниите, спроведување на реформите од Реформската агенда и слично.

Next Post
Скриншот

Трамп со божиќна честитка: Ги прозва „гадовите“ кои одеа на островот на Епстин

Shortcut

Најново

Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Глигоров и Филипче од Македонија

September 5, 2026

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk