ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Половина од домашниот буџет оди за тутун и алкохол отколку за здравје и образование заедно

December 31, 2025 09:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Половина од домашниот буџет лани се трошел на храна и безалкохолни пијалоци, додека на алкохолни пијалаци и тутун се трошеле повоќе отколку за здравје, рекреација, култура и образование заедно. За облека и обувки се издвојувале повеќе средства околку за покуќнина, опрема за куќа и одржување.

Во просек од тројца членови на домаќинството во работен однос бил еден. Најголемиот дел од расположливите средства 66,7% биле приходи од редовен работен однос (436 598 денари) и 21,8 приходи врз основа на пензиско осигурување (142 350 денари), покажуваат податоците од „Статистичкиот годишник на Република Северна Македонија 2025“ на Државниот завод за статистика.

Во просек лани домаќинствата во земјава на располагање имале 654 423 денари. Најмногу расположливи средства лани имале мешовитите семејства – 1 104 419 денари, а најмалку неземјоделските 622 696. Земјоделските семејства имале на располагање 941 224 денари.

Просечен број на членови на домаќинствата изнесува 3,05, со тоа што кај мешовитите тој број е поголем 3,89 членови, додека кај земјодлските помал 2,89.

Најголемиот дел од расположливите средства 66,7% биле приходи од редовен работен однос (436 598 денари) и 21,8 приходи врз основа на пензиско осигурување (142 350 денари).

Примањата од странство биле само 1,4% од вкупно расположливите средства на домаќинствата (9 155 денари), додека 1,2% се приходи надвор од редовен работен однос (7 759 денари). Од намалување на штедењето биле 0,5% (3 595 денари), додека 0,3% од добивки, подароци и слични примања (2 046 денари).

Домаќинствата лани во просек употребиле вкупно 323 051 денари. Најголем дел од тоа домаќинствата го користеле на лична потрошувачка 97,5% (314 989 денари), 1,4% (4 575 денари) за отплата на кредити и заеми и само 0,5% (1 595 денари) штедење. Потоа 0,3% (1 014 денари) од домашниот буџет бил за членарина, даноци, царини и слично, 0,2% (744 денари) загуби, подароци, прилози и слично и незначитечни (134 денари) издатоци за стан, куќа и имот.

Половина од домашниот буџет 50,8% (164 256 денари) се трошел на храна и безалкохолни пијалоци. Потоа како втора најголема ставка биле за станарина, вода, електрична енергија, гас и други горива се што домаќинствата одвојувале 7,9% (25 663 денари) од домашниот буџет.

На алкохолни пијалаци и тутун 5,8% (18 594 денари), на облека и обувки 5,6% (18 230 денари), сообраќај 5,2% (16 721 денари), покуќнина, опрема за куќа и одржување 5,1% (16 449 денари), останати стоки и услуги 4,9% (15 681 денари), ресторани и хотели 4,5% (14 663 денари), за здравје 3,6% (11 526 денари), комуникации 2,7% (8 688 денари), рекреација и култура 1,2% (3 783 денари) и образование 0,2% (735 денари).

Податоците се добиени врз основа на статистичкото истражување „Анкета за потрошувачката на домаќинствата“, спроведено во текот на 2024 година на 5040 домаќинства. Анкетирани се 2 914 семејства, додека бројот на оценети семејства е 598 632, од кои најголемиот број 92,7 проценти се неземјоделски (555 079), 5,2% се мешовити (31 373), а само 2% се земјоделски (12 180).

За земјоделски домаќинства се сметаат оние домаќинства што имаат сопствено земјоделско стопанство и сите работоспособни членови работат на него како земјоделци. Мешовити домаќинства се оние домаќинства што имаат сопствено земјоделско стопанство во кое, покрај вработените во стопанството, еден или повеќе членови се во постојан работен однос во државниот или во индивидуалниот сектор или вршат некоја неземјоделска дејност. Како неземјоделски домаќинства во Анкетата за потрошувачката на домаќинствата се сметаат оние домаќинства што немаат земјоделско стопанство, а еден или повеќе членови се во постојан работен однос во државниот или во индивидуалниот сектор или вршат некоја неземјоделска дејност (самостојни занаетчии, угостители, превозници, адвокати, уметници и сл.) или се лица со лични примања врз основа на минат труд (пензионери).

За расположливи средства на домаќинствата се сметаат сите примања, вклучувајќи ги и вредноста на потрошувачките кредити и инвестициските заеми. Кај земјоделските и мешовитите домаќинства, во расположливите средства е вклучена и вредноста на натуралната потрошувачка.

Употребените средства на домаќинствата ги опфаќаат сите парични издатоци за набавка на производи и услуги за лична потрошувачка, како и отплатениот дел за потрошувачки кредити и заеми. За земјоделските и мешовитите домаќинства, покрај паричните издатоци за лична потрошувачка, вклучена е и вредноста на натуралната потрошувачка.

Tags: Буџет
Next Post
Најсилните цитати од 2025

Светот во зборови: Најсилните цитати од 2025 што нè носат во 2026

Shortcut

Најново

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

    Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk