ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Две жртви во тешка сообраќајна несреќа на патот Маврово – Дебар

January 2, 2026 20:28
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во меѓувреме, информираа дека од 18:30 часот сообраќајот на патот Маврово – Дебар е во прекин поради извлекување на возилото од водите на Радика.

Две лица ги загубиле животите во сообраќајната несреќа што се случи денеска попладне кога патничко возило излетало од коловозот и паднало во реката Радика во близина на Бигорскиот манастир, потврдија за „360 степени“ од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Како што информираат оттаму, станува збор за возачот и негов сопатник кои биле во патничко возило „фолксваген бора“ со гостиварски регистарски ознаки, кое се движело на регионалниот пат Маврово – Дебар.

„Денеска (02.01.2026) во 15:50 часот во ОВР Гостивар пријавена е сообраќајна незгода на регионален пат Маврово Дебар во која патничко возило ,,фолксваген бора” со гостиварски регистерски ознаки сопственост на А.Ф. од Гостивар, изгубило контрола и паднало во реката Радика. Од незгодата животот го загубиле возачот и сопатникот во возилото“,велат од МВР.

Оттаму додваат дека увидот на местото на несреќата е сè уште во тек.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК), во меѓувреме, информираа дека од 18:30 часот сообраќајот на патот Маврово – Дебар е во прекин поради извлекување на возилото од водите на реката Радика. Оттаму, исто така, потврдија дека во сообраќајната несреќа има загинати, без да прецизираат за колку лица станува збор.

Претходно од ЦУК информираа дека, сообраќајната несреќа била пријавена во 15:48 часот во дежурниот центар Е-112 Охрид.

Пријавителот во телефонски разговор со службениците во Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Тетово, рекол дека возилото се движело со поголема брзина и во еден момент изгубило контрола, почнало да се лизга на коловозот, по што се превртело и паднало во реката Радика, на локација после манастирот „Свети Јован Бигорски“.

На местото, како што информираа од ЦУК, покрај полициските екипи од Полициската станица Ростуше, биле упатени и припадници на гостиварската Територијална противпожарна едница, како и екипа на Итната медицинска помош од Ростуше.

Next Post
Анаис хороскоп, Македонија, Мавртово

Викенд хороскоп со Анаис - 3 и 4 јануари 2026

Shortcut

Најново

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026
Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

July 19, 2026

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk