ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Прв официјален извештај за убиството на Алекс Прети: пукале двајца агенти на ICE

January 28, 2026 06:53
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СВЕТ
Скриншот, видео Х

Скриншот, видео Х

Share on FacebookShare on Twitter

Двајца агенти на американската Царинска и гранична заштита (CBP) пукале со службено оружје за време на инцидентот во кој минатиот викенд беше убиен Алекс Прети, медицински техничар од одделот за интензивна нега во Минеаполис.

Ова се наведува во владиниот извештај доставен до Конгресот, во кој имал увид CBS News, а во кој не се споменува дека Прети посегнал по своето огнено оружје.

Извештајот на CBP, испратен до конгресните претставници во вторникот и заснован на „прелиминарна истрага“, го нуди досега најдеталниот официјален опис на убиството, кое предизвика остри реакции и кај демократите и кај републиканците, наведува CBS News.

Реконструкција на настаните

Според извештајот, агентите на CBP во саботата наутро спроведувале акција во Минеаполис, кога еден од нив им пришол на „две жени кои свиркале“ и им наредил да „се тргнат од патот“. Жените не се поместиле, по што службеникот ги оттурнал.

Една од жените потоа потрчала кон маж, подоцна идентификуван како 37-годишниот Алекс Џефри Прети.

Службеникот на CBP се обидел да ги тргне од патот и жената и Прети, но тие не се поместиле. Потоа агентот употребил сузавец против нив, се наведува во документот.

Туркање, пукање и спротивставени верзии

По ова, агентите „се обиделе да го приведат Прети“, кој се спротивставувал, по што дошло до туркање. За време на физичката пресметка, еден агент на граничната полиција повеќепати извикал:
„Има пиштол!“

You can clearly see the ICE agent disarm the victim before the shooting began pic.twitter.com/EFkVq5tu8M

— Liam Nissan™ (@theliamnissan) January 24, 2026

„Околу пет секунди подоцна, агент на граничната полиција пукал со својот службен пиштол Glock 19, а службеник на CBP исто така пукал кон Прети со својот службен Glock 47. По пукањето, агентот пријавил дека го зел огненото оружје на Прети“, стои во извештајот.

Се додава дека агентот подоцна го испразнил пиштолот и го сместил во своето службено возило.

Несовпаѓања со претходните изјави на властите

Овие информации се разликуваат од првичните соопштенија на Министерството за внатрешна безбедност на САД (DHS), кое за време на викендот тврдеше дека само еден агент пукал, и тоа „во самоодбрана“.

Во таа изјава, DHS исто така тврдеше дека Прети „им се приближил“ на агентите со полуавтоматски пиштол од 9 милиметри. Во новиот извештај на CBP не се наведува дека Прети се обидел да посегне по своето оружје.

Во часовите по пукањето, министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем изјави дека Прети им пришол на федералните агенти со пиштол со намера да ги убие, додека началникот на граничната полиција Грег Бовино го обвини Прети дека се обидел да изврши „масакр врз полицајците“.

Овие тврдења не се спомнуваат во извештајот на Канцеларијата за професионална одговорност.

Што знаеме досега за убиството во Минесота од страна на ICE – што тврди администрацијата на Трамп, а што покажуваат снимките

Сомнежи за интегритетот на истрагата

Реакцијата на властите по смртта на Прети – второ смртоносно пукање од страна на федерални агенти во Минеаполис овој месец – е под зголемено внимание, бидејќи видео-снимките од инцидентот, според дел од јавноста, се во спротивност со тврдењата дека Прети им се приближувал на агентите со пиштол.

#BREAKING🚨
Per the #Minneapolis Police Chief, the suspect involved in the shooting with #ICE agents has died!

Let this be a message to all #illegals and violent radicals not to fight federal agents! 💯😤 pic.twitter.com/nrkhVOC4fy

— Nick Rogue (@Nick_Rogue_) January 24, 2026

Шефот на полицијата во Минеаполис, Брајан О’Хара, изјави дека Прети имал дозвола за поседување и носење оружје. Во извештајот не се наведува дека пиштолот на Прети случајно испукал, што беше една од теориите што се појавија.

Претседателот Доналд Трамп за Wall Street Journal изјави дека Прети носел „опасно и непредвидливо оружје“ кое „може да испука без луѓето да знаат“.

Дополнителна загриженост предизвика и фактот што службениците на CBP го отстраниле огненото оружје на Прети од местото на настанот и го складирале во службено возило. Во извештајот се наведува дека агентот го зел пиштолот веднаш по пукањето, подоцна го испразнил и го сместил во возилото.

Не се прецизира дали оружјето било фотографирано на местото на настанот, ниту дали бил почитуван стандардниот протокол за евиденција и чување на докази.

Истрагата ја води невообичаен оддел

Во извештајот до Конгресот се потврдува дека истрагата за пукањето ја води одделот за домашна безбедност при Имиграциската и царинска служба (ICE) – потег што сегашни и поранешни функционери го опишале како многу невообичаен, бидејќи овој оддел вообичаено не истражува случаи на употреба на сила.

Во извештајот се наведува и дека инцидентот паралелно го истражува Канцеларијата за професионална одговорност на CBP, како и дека е информиран главниот инспектор на Министерството за внатрешна безбедност.

Редакција Фронтлајн

Tags: ICEАлекс ПретиМинеаполисСАДубиство
Next Post
Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

EVN

НАЈНОВО

Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

January 28, 2026
Скриншот, видео Х

Прв официјален извештај за убиството на Алекс Прети: пукале двајца агенти на ICE

January 28, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

January 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Принцот Хари меѓу судот и Холивуд: Од солзи во Лондон до Санденс за неколку дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитријевиќ: АКТ објави нова „бомба“ – Тендерска мрежа на фирми води директно до Нелоски и кабинетот на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk