Сексуалната терапевтка Кејли Милер, која работи како таканаречена „заменска партнерка“ (surrogate partner), се појави во британската утринска емисија This Morning, каде отворено зборуваше за својата професија, откривајќи дека, како што тврди, имала интимен однос со повеќе од 400 клиенти.
Темата доби дополнително внимание во последните месеци и поради телевизиски содржини како емисијата Virgin Island на Channel 4, која ја запозна пошироката публика со концептот на сексуална терапија во која дел од клиентите работат со сексуални сурогати. Во оваа практика, како што се објаснува, целта не е љубовна врска, туку учење интимност и сексуалност преку терапевтски процес, кој во одредени случаи вклучува и физичка интимност.
„Ја сакам оваа работа бидејќи им помагам на луѓе со тажни приказни“
Милер во емисијата изјави дека во оваа професија не влегла плански. Претходно работела како терапевтка за рехабилитациска спортска масажа, а во доцните триесетти години почнала да се интересира за психосексуалноста. Во тој период, вели таа, сфатила колку ѝ недостига подлабоко разбирање за интимата.
Како пресвртница го наведува огласот за „open-minded body workers“, за кој подоцна разбрала дека се однесува токму на работата на заменска партнерка.
Клучен момент, според неа, бил нејзиниот прв клиент – маж во средните шеесетти години, кого го опишува како исклучително срамежлив и социјално несигурен, без искуство во интимни односи. Тој ѝ рекол дека не сака да умре без да дознае „каков е чувството на љубов“ – реченица која, како што вели Милер, ја уверила дека нејзината работа има смисла.
Клиенти без искуство и долгорочен процес
Таа раскажа дека клиентот носел ситни пари во продавница за рацете барем случајно да му се допрат со туѓи, а често во мислите создавал сценарија со луѓе што ги гледал на улица, но никогаш не им приоѓал. Милер тврди дека со него работела цела година и дека на крајот успеал да воспостави интимна врска.
Во разговорот таа зборуваше и за работа со клиенти кои се девици, најчесто мажи кои, според неа, сексуалноста ја запознавале исклучиво преку порнографија и мастурбација. Дел од процесот, објаснува Милер, е оддалечување од автоматизираните навики и фокус на допир кој не е нужно сексуален, пред клиентот постепено да учи за сензуален и еротски допир и контрола на нагоните.
Поддршка од партнерот, пријателите и семејството
Милер изјави дека самото присетување на нејзината работа ѝ буди „мноштво спомени“ од, како што ги опиша, интензивни моменти со клиентите. Според неа, дел од луѓето со кои работела денес се во брак или имаат стабилни партнерски односи.
Таа додаде дека имала партнер и во периодот кога започнала со оваа работа, а на прашањето за љубомората одговори дека тој го разбирал нејзиниот професионален избор и го гледал како дел од нејзиниот животен пат. На крај истакна дека има поддршка и од пријателите и од семејството.





