ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Цветков: Додека власта си дели тендери, нема пари за поголема минимална плата

January 29, 2026 14:04
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеникот на Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ), Борче Цветков, на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати прашање до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во врска со минималната плата и економската состојба на работниците.

„Во изминатиот период сме сведоци на континуиран раст на цените на основните животни производи. Храната поскапува, сметките растат, а инфлацијата директно го јаде и она малку што работниците го добиваат на крајот на месецот“, истакна Цветков.

Тој посочи дека минималната плата не го следи растот на трошоците за живот и дека илјадници семејства се соочуваат со финансиска неизвесност.

„Денес ниту три минимални плати не се доволни за покривање на основните животни потреби. Инфлацијата од 4,1 проценти и вртоглавиот раст на цените го загрозуваат животниот стандард, додека платите стојат во место“, рече Цветков.

Според него, минималната плата одамна не обезбедува достоинствен живот.

„Зборуваме за плата од која треба да се платат кирија или кредит, сметки за струја и греење, храна, лекови, училишни потреби и превоз. Кога сето тоа ќе се собере, станува јасно дека минималната плата одамна не обезбедува ниту минимум достоинство“, нагласи пратеникот.

Цветков ја критикуваше Владата за приоритетите во економските политики.

„Постојано зборувате за економски раст и стабилни индикатори, но прашањето е – за кого е тој раст? Секако не е за работникот кој живее од минимална плата. Тоа не е економска стабилност, тоа е сиромаштија“, изјави тој.

Тој додаде дека економијата не треба да се мери според бројот на тендери, туку според квалитетот на животот на граѓаните.

„Економијата не се мери во број на тендери, туку во квалитетот на животот на работниците, а денес тој е на самото дно“, рече Цветков.

На крајот, пратеникот на СДСМ нагласи дека зголемувањето на минималната плата е неопходно.

„Барањето за зголемување на минималната плата на 600 евра, како и 100 евра зголемување во останатите сектори, е оправдано и неопходно. Секој работник заслужува достоинствена плата за живот“, изјави Цветков, прашувајќи го министерот дали ќе го поддржи ова барање.

Tags: Борче Цветковминимална платаСДСМ
Next Post
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Филипче: Техничка влада мора да има, не се созреани условите за укинување

EVN

НАЈНОВО

(ФОТО) Сидни Свини по патот на Ким Кардашијан: како славните градат брендови за долна облека

January 29, 2026
Фото: СДСМ

Филипче најави тужба за Жан Митрев: Нема да дозволам лаги и бандитски напади врз мојата чест и углед

January 29, 2026

Николоски: Oдлични вести од Брисел, нашите ставови се прифатени – Возачите се прифатени како професионалци

January 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk