Хари Стајлс повторно поставува рекорди. 31-годишниот пејач додаде уште шест нови датуми за серијата концерти на стадионот Вембли во рамки на турнејата „Together, Together“, со што вкупно ќе настапи 12 пати на овој стадион. Со тоа постави нов рекорд по број на концерти на еден изведувач на Вембли во иста година.
Откако минатата недела ги најави првите шест концерти, Стајлс сега го удвои бројот на настапи. Вкупно 12 концерти ќе се одржат во периодот од јуни до јули 2027 година, со што ги надмина досегашните рекорди на:Тејлор Свифт, која во една година настапи осум пати на Вембли и Колдплеј, со десет концерти
Ова го наведува Deadline. Капацитетот на стадионот Вембли е околу 90.000 посетители.
Портпаролот на стадионот во официјална изјава соопшти:
„Исклучително сме горди што повторно можеме да го угостиме Хари Стајлс на стадионот Вембли, во она што ќе биде навистина историска серија концерти. Тие 12 вечери ќе бидат меѓу најпосебните во долгата историја на нашиот стадион.“
Турнејата „Together, Together“ на Вембли е закажана за:
12, 13, 17, 19, 20, 23, 26, 27 и 29 јуни, како и 1, 3 и 4 јули 2027 година.
Песната „Aperture“ е првиот сингл на Хари Стајлс по „Satellite“ од 2023 година и со неа го најавува својот четврти студиски албум со наслов „Kiss All the Time. Disco, Occasionally.“
Албумот содржи 12 песни и излегува на 6 март, а претставува негово прво издание по „Harry’s House“ од 2022 година — албум кој на Греми наградите во 2023 година, меѓу другото, ја освои и наградата за албум на годината.




