ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Мицкоски: Проектот „Безбеден град“ има за цел да спасува човечки животи, погрешно е што одредени политичари се обидуваат да го етнизираат

January 29, 2026 12:42
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на денешната седница истакна дека оваа влада ја гарантира правичната застапеност и новиот закон доби позитивна препорака од Венецијанска комисија што е обврзувачко во процесот кон ЕУ, а проектот „Безбеден град“ не етнизира, туку спасува човечки животи, сопштуваат од Владата.

„Што се однесува за правичната застапеност можам да кажам дека апсолутно се води сметка за правичната застапеност, јас сум личен гарант и тоа сум го кажал во минатото. Ниту како човек, ниту како политичар, ниту како претседател на Влада, нема да дозволам никој никого да мајоризира или минимизира. Односно, апсолутно можам да ве убедам дека квалитетот на луѓето без разлика од која етничка припадност доаѓаат треба да биде клучен и приоритет и тоа е темелна уставна вредност и дел од меѓународните резолуции и конвенции“, истакна премиерот Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање поставено од пратеникот Скендер Реџепи.

Премиерот Мицкоски му порача на пратеникот Реџепи дека треба пошироко и објективно да ги гледаат работите, наместо да ги етнизираат прашањата мислејќи дека така ќе добијат политички поени.

„Што се однесува до Законот за правична застапеност, тој е готов, ги доби последните позитивни мислења на Венецијанската комисија. Ќе ве потсетам, мислењето на Венецијанската комисија согласно последните измени во процесот на пристапување кон Европската Унија и согласно последните барања за промена на методологијата во процесот на пристапување се одлучувачки фактор. По истите се постапува и очекувам многу скоро овој закон да биде доставен пред вас пратениците и се надевам дека едногласно истиот ќе биде усвоен бидејќи има позитивна препорака на Венецијанската комисија и се надевам дека нема на тој начин пратениците да ги загрозат европските процеси на државата“, потенцираше премиерот Мицкоски.

Во врска со одлуката на Уставниот суд, премиерот Мицкоски нагласи дека одлуки на Уставен суд нема да коментира, но факт е дека ова мнозинство во Уставниот суд е избрано во време на претходната влада, а не во оваа. Во однос на проектот „Безбеден град“, премиерот Мицкоски потенцираше дека погрешно е што и ова некои политичари се обидуваат да го етнизираат, затоа што истиот има за цел да спасува човечки животи.

„Политичарите кои се во романтичен занес, мислат дека ако ги етнизираат и упокоените кои за жал го изгубиле својот живот поради сообраќајни незгоди, треба да се гледаат низ оптика на етничка припадност. Она што можам да кажам е дека повеќе нема да има голем број на жртви на сообраќајни незгоди по имплементирање на проектот „Безбеден град“. Оваа влада одлучи проектот да се стави во функција со цел да спаси човечки животи без да се води математичка статистика кој од која етничка припадност и да ја толкува методологијата со која за упокоените се определува етничка припадност. Овој проект има за задача да спаси што е можно повеќе луѓе“, истакна премиерот Мицкоски.

Tags: „Безбеден град“Мицкоски
Next Post
Фото Википедија

Детската балетска претстава „Доктор Офболи“ на репертоарот на МОБ

EVN

НАЈНОВО

Филипче: СДСМ со предлог законски решенија за минимална плата од 600 евра и замрзнување на платите на функционерите

January 29, 2026

Мицкоски: Нема да има уставни измени без загарантирани права за Македонците во Бугарија и гаранции против блокади

January 29, 2026
Фото: Кабинет на Претседател

Платформата за борба против корупција бара од претседателката да не го потпише указот за измените на Кривичниот законик

January 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Секс-скандал во Црна Гора - оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    Секс-скандал во Црна Гора – оставки, кривични пријави и истрага: која е Мирјана Пајковиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем протест на ССМ: Работниците бараат 600 евра минималец – СДСМ со поддршка, Мицкоски тврди дека протестот е политички

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристофер Нолан ги изненади фановите со новиот тизер за „Одисеја“: откри неочекувано име во актерската екипа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk