ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Заврши Фестивалот „Пеце Атанасовски“: Гран при за „Седенка од Скопје, а најдобар гајдаџија е Дејан Лазаров од Кочанско

May 24, 2026 19:31
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Фолклорниот ансамбл „Седенка“ од Скопје ја доби Гран при наградата, а како најдобар гајдаџија, наградата „Гајдата на Пеце“ ја доби Дејан Лазаров од Фолклорниот ансамбл „Осоговски извор“ од село Оризари, Кочанско на годинашниов 52 Фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Ова е одлуката на жирито на Фестивалот кој синоќа заврши во Долнени. Жирито во состав: професор д-р Родна Величковска, професор д-р Горанчо Ангелов и доцент д-р Стојанче Костов, додели и статуетки за најдобрите изведувачи на годинашниов Фестивал.

-Среќен сум што ја добив наградата. Тоа е признание за толку години работа, настапи при Фолклорниот ансамбл „Осоговски извори“ од с. Оризари, Кочанско. Го формиравме пред четири години. На гајда почнав да свирам пред 14 години, а од три години сум со изворните инструменти. Тогаш прво почнав да свирам на тамбура. И до ден- денес активно се занимаам со свирење. Гајдата многу ме привлече со звуците, ги слушав гајдаџиите од нашиот крај, ја продолжив традицијата на мојата фамилија, рече Дејан Лазаров, годинашен добитник на највисоката награда на Фестивалот „Гајдата на Пеце“ што ја доделува општина Долнени.

Уметничкиот директор на Фестивалот, Родна Величковска нагласува дека има многу млади гајдаџии, но и изведувачи на сите изворни инструменти и песни кои го чуваат традиционалното културно наследство.

-Доделивме награди, Гран при, „Гајдата на Пеце“ и десет статуетки, но сите заслужуваат почит и внимание за негувањето на изворниот мелос. Патуваа од сите краишта за да ги покажат умешноста и љубовта кон изворното. Ги оценувавме комплетните настапи изведби, па и носијата што ја претставуваа од својот крај, рече професор д-р Величковска.

Фестивалот „Пеце Атанасовски“ во петокот во Прилеп, синоќа во Долнени се одржа по 52. пат. Годинава настапија околу 250 изведувачи во двете фестивалски вечери од сите краишта на Македонија и нашинци од странство. Фестивалот не се откажува од својата мисија да го негува и да го пренесува изворниот мелос на новите генерации.

-Имавме уште едно успешно издание на Фестивалот „Пеце Атанасовски“. Имавме изведувачи од сите генерации и од сите краишта на Македонија кои го претставија својот изворен мелос од својот крај. Прекрасна беше соработка со учениците од долненското основно училиште „Пецо Даскало“ кои во Работилницата во рамките на Фестивалот ја учеа изворната музика и ја изведоа песната „Отидов село Долнени, рече Горан Василески, претседател на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

Годинава се навршуваат 100 години од раѓањето и 30 години од смртта на амбасадорот на македонскиот изворен мелос низ цел свет, Пеце Атанасовски, а чие име го носи Фестивалот.

Next Post

Крај на една златна ера на „Енфилд“: Мохамед Салах и Енди Робертсон се збогуваа од навивачите на Ливерпул

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk