ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026 12:28
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

СДСМ денеска побара целосна истрага за низа наводни скандали поврзани со генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека апсењето на владиниот возач е доказ оти институциите конечно се борат против криминалот.

СДСМ бара целосна истрага за сите скандали поврзани со генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев – од случајот со возачот фатен со обележани евра за барање мито, преку фирмата во Бугарија и непријавениот капитал, до поклонетиот имот и милионските договори на „Маратон груп“.
„Возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, е фатен со обележани евра. Барал мито-поткуп за да „среди“ вработување како пожарникар во Противпожарната бригада на Град Скопје“, истакна портпаролката на СДСМ и членка на Извршниот одбор, Богданка Кузеска.

Кузеска посочи дека овој случај отвора клучно прашање за улогата на Јанушев и неговата можна поврзаност со постапките на возачот.
„Овој скандал отвора едно клучно прашање: каква била улогата на Јанушев во овој случај со мито? Дали возачот е само негова продолжена рака и посредник? Возач нема никаква моќ да вработува. Но генерален секретар на Влада, како Игор Јанушев, кој воедно е член и на Извршниот комитет на ВМРО ОКГ има“, потенцираше Кузеска.
Ова не е изолиран случај, туку станува збор за уште еден скандал што се надоврзува на низа прашања поврзани со кабинетот на Јанушев.
„Ова е втор скандал оваа година поврзан со кабинетот на Јанушев. Посебен советник за економски прашања во кабинетот на Генералниот секретар на Владата беше дел од групата осомничени за лихварство и за перење пари. Премногу скандали се врзани со Јанушев“, потенцираше Кузеска.

Еден од случаите за кои СДСМ бара одговори е и фирмата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил, Бугарија.
„Според документи од Бугарија, Јанушев, е поврзан со компанијата „ФЛУГБАН ТРАНС“ ДОО со седиште во Ќустендил, Бугарија. Дејност: патен линиски превоз на стока. Управител Кире Гешоски, трет партнер Сашо Апостоловски – сите од кругот на Мицкоски“, потенцираше Кузеска.

Според изнесените податоци, фирмата пријавува годишен промет од околу 320.000 евра, а овој капитал и поврзаност не се пријавени.
Кузеска укажа и на фактот дека Јанушев има бугарски пасош и бугарско државјанство, но дека во ниту еден анкетен лист до ДКСК не го пријавил бугарскиот капитал.
„Понатаму – скандалот со поклонетиот имот вреден 325.000 евра во најстрогиот центар на Скопје. Во истата зграда имот има и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Како се поврзани подарокот на Јанушев и имотот на Тошковски? Каков заеднички бизнис кријат? Огромен е и скандалот со милионските договори на „Маратон груп“ тежок 1,5 милиони евра и мрежата на фирми кои ги објави АКТ на СДСМ. Скандал со скандал. Сите поврзани со Јанушев“, рече Кузеска.

Кузеска рече дека одговорноста не смее да запре кај најниските нивоа, туку мора да се испита целата вертикала на одговорност.

„Оваа организирана криминална група нема граници. Пипалата на овој октопод почнуваат од возачите, преку директорите на претпријатија, министрите, па сè до претседателот на Владата. Да беа полицијата и обвинителството слободни и да работеа по закон, цела Влада ќе беше уапсена. Вака дел од полицијата ја врши својата работа, но исто како и за бодигардот на Мицкоски, на крај сите ќе бидат ослободени со еден повик по телефон. СДСМ бара целосна истрага – не само за возачот, туку и за улогата на неговиот шеф, Јанушев. Истрагата мора да се прошири и за фирмата во Бугарија, за поклонетиот имот и за целата мрежа околу Владата на Мицкоски. Граѓаните заслужуваат одговори. Одговорност мора да има“, порача Кузеска.

На овие обвинувања, преку писмено соопштение од Центарот за комуникации, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Од владејачката партија истакнуваат дека токму апсењето на вработениот со обележани пари е чист доказ дека надлежните институции си ја вршат работата. Според ВМРО-ДПМНЕ, на претставниците од СДСМ не им е јасно како може некој да одговара за сторен криминал или корупција, а да не е заштитен од институциите како што тоа, според нив, се случувало со кадрите на претходната власт. Од партијата заклучуваат дека со нивното доаѓање на власт системот се менува и неселективната борба против корупцијата се зголемува.

Next Post

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

Shortcut

Најново

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026
Архивска снимка - Белград, 30 март 2026 - скриншот

Србија гласа в недела: Студентската листа во предност, Вучиќ најавува убедлива победа

October 21, 2026

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk