ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Совет за РЈА: Државната реорганизација според ЕУ стандарди е стратешка цел во 2021

December 25, 2020 12:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реформата на јавната администрација е стратешка цел на Владата, а е и наша обврска и кон Европската Унија, но пред сѐ кон нашите граѓани. Планот е до крај на март 2021 година, во координација на сите министерства да се усогласат сите предлози и забелешки на предлог измените на Законот за организација и работа на органите на државната управа, за да може до јули да се усвои Законот во Собрание, истакна премиерот Зоран Заев на денешната осма седница на Советот за реформа на јавната администрација (Совет за РЈА).

На седницата, членовите на Советот и присутните министри дадоа свој осврт по разгледување на материјалите и предлозите кои произлегуваат од проектот „Поддршка на државната реорганизација“, финансиран од Европската Унија.Министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири истакна дека овој проект има за цел ефикасна, ефективна, професионална администрација, и затоа неопходна е вклученост на сите министерства.
Вицепремиерот  за европски прашања Никола Димитров, се осврна на важноста од изработка на политика за задржување на професионалните кадри во јавната администрација, особено за кадрите кои работат на ИПА проектите, како и за ИКТ кадрите, во контекст на пристапните преговори со ЕУ.Министерот за правда Бојан Маричиќ, побара во структурата за преговори со Европската Унија да се земе предвид и проектот за спроведување на реорганизацијата.
Заклучокот од осмата седница на Советот на РЈА, беше дека следува обемна работа за сите засегнати страни за која премиерот ги задолжи министерствата, агенциите и инспекциските служби да ја продолжат воспоставената комуникација и да овозможат отворена и засилена соработка со ИПА проектот „Поддршка на државната реорганизација“, во функција на навремено развивање на предлог за реорганизација на органите на државната управа, агенциите и инспекциските служби на централно ниво, најдоцна до крајот на март 2021 година и негово преточување во предлог Закон за организација на органите на државната управа најдоцна до крајот на јуни 2021 година, соопшти владината прес-служба.
/МИА/
Next Post

Забрчанец: Бенефитот од вакцинацијата и борбата со дезинформациите за ковид вакцината во фокусот во 2021 година

НАЈНОВО

Разговор на двајца аналфабети од градски политики

October 29, 2025

​Укинувањето на санкциите за Додик дел од договорот за повлекување од претседателската функција?

October 29, 2025

Касами со поддршка за кандидатот за градоначалник на Струга, Менди Ќура

October 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Касами: Мојата изјава за Кичево е извадена од контекст и погрешно протолкувана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kои се вистинските разлики меѓу Грокипедија и Википедија – и зошто тие се повеќе од технолошки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град Скопје: Мицковски лично го оркестрира хаосот во Комунална хигиена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk