Легализацијата на марихуаната е едно од прашањата за кое премиерот Зоран Заев вложува голема енергија, а и политички капитал, за да ја претстави пред граѓаните оваа идеја дека на тоа не треба да се посматра како на криминал. Кога вчера во Собранието, одговарајќи на пратеничко прашање, Заев рече со легализацијата и декриминализација на канабисот ќе може секој граѓанин за своја лична употреба да може да огледува одредена количина на марихуана – „две до три стебла“ – тоа на некој начин покажа дека премиерот не што не сака да се откаже од идејата, туку сака да го симне канабисот од столбот на сработ и криминалот во општеството. Дали ќе му успее е големо прашање, затоа што македонското општество е претежно конзервативно, а тоа се покажува и во јавната дебата што полека се отвора. Доколку го истурка овој свој проект тоа ќе биде голем либерален пробив во закоскеното јавно јавно мислење, пишува „Независен.мк“.
Многумина се прашуваат: каде можете да одгледувате канабис во Европа? Бројот на земјите е сѐ поголем, а исто така и во светот. Главен проблем во оние земји кои го декриминализираа одгледувањето канабис е што законите се нејасни и тешко се дефинираат. Ова е особено значајно во САД, каде дури 18 држави дозволуваат рекреативно или медицинско одгледување на канабис во домашни услови.
Наспроти декриминализацијата на одгледувањето на канабис за лична употреба продавањето марихуана е нелегално низ цела Европа. Каде е легално дозволено во Европа да се одгледува канабис?
Целиот текст, ТУКА