Во пресрет на нивниот настап да се оддаде, овој пат виртуелната почит на Дејвид Боуви на, “Само за еден ден”, Дуран Дуран излегоа со преработка на хитот на ,,Five years” на покојната легенда, пишува престижниот „Rolling Stone“.
„Мојот живот како тинејџер се однесуваше на Дејвид Боуви“, рече Симон Ле Бон во изјавата. „Тој е причината што почнав да пишувам песни. Дел од мене сè уште не може да верува во неговата смрт пред пет години, но можеби тоа е затоа што има дел од мене каде што тој е сè уште жив и секогаш ќе биде. Не можам да да објаснам колку сум почестен што му се дава можност на Дуран Дуран да ја застапи оваа икона и да го поставиме нашето име покрај Боуви за ова одбележување на неговата музика “, додаде Ле Бон
Бендот ќе се појави на „Само за еден ден” денес, 8 јануари, на кој ќе беше 74-ми роденден на Боуви. Ќе настапат, Бој Џорџ, Адам Ламберт, Мајкл Ц. Хол, Мент Хоп, Јан Хантер, Трент Резнор, Били Корган и повеќе. Билетите за преносот во живо се продаваат сега за 2 американски долари. Целиот приход ќе биде дониран за фондацијата „Спаси ги децата“, што Боуви ја поддржа со средства од неговиот 50-ти роденден на концертот во Медисон Сквер Гарден во 1997 година.
Дуран Дуран ќе ја прослави својата 40-годишнина со кратка турнеја во странство, започнувајќи на 13 јуни во Даблин, Ирска. Тие ќе го поминат летото низ Велика Британија, завршувајќи на Ибица, Шпанија на 8-ми октомври. Повеќе информации може да се најдат на веб-страницата на бендот.
Слушнете ја нивната преработка на хитот ,,Five years”