ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

И Трамп постојано лажеше, па гледаме до кај стигна

January 11, 2021 08:52
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ

Според една социолошка студија објавена кон средината на минатата година во списанието „Форбс“, Доналд Трамп, во просек, кажувал по 23.3 лаги дневно, и тоа мерено во месеците во 2020 година пред епидемијата со ковид да земе силен трагичен замав во САД и пред влегувањето во завршните месеци од американското предизборие. Датабазата на „Вашингтон пост“, пак, за континуирана фактичка проверка на изјавите на Трамп, констатира околу 20.000 лаги на Трамп во 2020 до минатиот септември, а потоа во двата предизборни лански месеци, просекот на неговите лаги се искачува и до 50 дневно.

Сите се согласни дека американскиот претседател лаже буквално за сè во целиот „хоризонт“ на своето политичко портфолио: од податоците и статистиките за економијата и образованието, до прашањата за оружјето, даноците, надворешната политика (за Украина, за Русија, За Кина, за Северна Кореа…), изборите, здравствената политика, трговијата, имиграцијата, екологијата… Лажел кога и да отвори уста: на прес-конференции, во патемни изјави, во пригодни говори, во интервјуа, на митинзи, на состаноци, во официјални обраќања…

Според некои актуелни анализи на социјалните мрежи, пак, лагите на Твитер, поддржани од алгоритмите за промоција на ставови на социјалните мрежи, се шират шест пати побрзо од вистините што таквите лаги ги демантираат. Тоа е епидемија на дневно лажење поголема и од пандемијата со ковид-19.

Ова огромно количество на невистини изговорени од најмоќната и највлијателната политичка говорница во светот, потоа многукратно мултиплицирани од индустријата за пропаганда изградена за потребите на Трамповите лаги и малициозности, создадоа комплетно заокружена, самодоволна, авто-референтна паралелна реалност за неговите следбеници во САД и низ светот, до кои вистината, демантите и исправките на изречените лаги воопшто не допреа (а и сè уште не допираат).

Не е спорно, сите политичари лажат, понекогаш и со добри причини. Но, Трамп е еден од ретките кои често лажат и без особено видлива причина. Што би се рекло – конгенијален, речиси недолжен, роден лажго! Имануел Кант, еден од најмоќните филозофски умови на западната цивилизација за кого лажењето е императивно неприфатливо, веројатно се врти како вентилатор во својот гроб во Кенигсбершката Катедрала во денешниот руски Калининград.

Трамп стана светска икона на политичкото лажење, се стекна со статус на планетарна поп-ѕвезда на лагата, создаде затворен универзум од илјадници кривотворења на реалноста со сопствен офанзивен ново-говор (фејк-њуз, алтернативни вистини и сл.), со сопствена нова општествена лажованска елита (во која Руди Џулијани и пропагандистите од „Фокс Њуз“, на пример, се поумерените активисти на мега-манипулациите, во споредба со низа други хистерични крајно-десничарски и друг вид на идеолошки екстремистички „ентитети“ по анти-социјалните мрежи и медиуми), со кои сосема се изгуби смислата да се води аргументирана дебата или размена, поддржана со факти, на мислења.

Видовме како Трамповиот државен проект за борба против вистината, што во целост ја поткопа довербата во американските институции кај неговите милионски поддржувачи, трагично им се сруши на сите Американци врз глава со неодамнешниот акт на домашен тероризам изведен со нападот на Конгресот.

Што се поуките за сите нас од оваа несреќна епизода во долгата американска историја на демократијата?

Парадоксално, за нас големи поуки нема, бидејќи ние „предварително“ поминавме низ декадата на груевизмот, пред Американците да ги искусат четирите години на трампизмот.

Но, кај нас, во цел еден партиски „сектор“ на опозицијата, сè уште трае инерцијата на политички планираната, организирана, финансирана и спроведувана операција за тоа лагата да стане општествена политичка норма. Проблемот со долгогодишното систематско лажење – тој „капка по капка“ систем на морална корозија – е што произведува долготрајна општествена „нормалност“, со свои паралелни институции, со медиуми, со квази-институти, со своја армија Фејсбук-ботови, со елити кои лично инвестирале во лагата и, конечно, со своја „отруена“, „паралелна“, игнорантска јавност.

Не е мал предизвикот како тој дел од општеството да се „кооптира“ во нормалните демократски текови. Очигледно, решението мора да биде низ повеќе, а не низ помалку демократија, што подразбира „елитата на лагите“ продолжително да се дискредитира низ демократски, фер избори, токму како што тоа му се случи на Трамп и на соучесниците од Републиканската партија со последователното губење на претседателските, конгресните и сенатските избори во САД.

Практично, ваквата македонска опозиција продолжува да ја остава овдешната демократија без голем избор. Колку повеќе и подолго лажат, толку помали им се изгледите во догледна иднина да се вратат на власт.


Сите права се задржани.Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk