ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Коалиција „Маргини“: Собранието итно да го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација

January 15, 2021 11:14
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Коалицијата „Маргини“ бара Собранието итно да го изгласа новиот состав на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација (КСЗД) за да може да почне со работа  оти граѓаните од август 2019 година немаат достапен механизам за заштита од дискриминација.

-Собранието на Република Северна Македонија на 31-та седница закажана за 12 јануари 2021 година не ја изгласа Предлог-одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Седницата беше прекината поради немање на кворум за работа на Собранието, со што изборот на членови на институцијата повторно се оддолжи, а со тоа се одложи и почетокот на работата на Комисијата која има мандат да спречува и да штити од дискриминација, велат во соопштение од „Маргини“.

Гласањето на Предлог-одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација беше втора точка на дневниот ред на седницата на Собранието, веднаш по гласањето на Предлог-одлуката за избор на претседател, на потпретседател и на членови на Државната изборна комисија.

-Имајќи предвид дека претседателот, потпретседателот и членовите на ДИК едногласно беа изгласани од страна на 95 пратеници, кои беа присутни кога се гласаше за оваа точка на дневниот ред на оваа седница, крајно несериозно и малициозно е тоа што Собранието не оствари кворум за работа (од 61 пратеници) при гласањето за Предлог-одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, односно што дел од пратениците интенциозно ја напуштија собраниската сала кога требаше да се гласа по оваа точка, нагласуваат од коалицијата „Маргини“.

Тие потсетуваат дека граѓаните од август 2019 година немаат достапен механизам за заштита од дискриминација, што, според нив, значи дека Собранието не смее да дозволи воспоставувањето на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација дополнително да се развлекува.

Затоа, „Маргини“ апелира претседателот на Собранието веднаш да закаже продолжување на 31-та седница, на која ќе се гласа Предлог-одлуката за избор на членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

Тие ги потсетуваат сите политички партии во Собранието дека пред изборите ја поддржале Декларацијата за донесување на Закон за спречување и заштита од дискриминација и се обврзале да спроведат брза и транспарентна постапка за воспоставување на Комисија за спречување и заштита од дискриминација.

-Очекуваме дека тие ќе бидат присутни на продолжувањето на седницата и ќе обезбедат кворум за изгласување на предлог одлуката, велат од „Маргини“.

Додаваат дека се задоволни од предлог-составот на Комисијата и сметаат дека е значително подобар од кој било претходен нејзин состав.

-Го поздравуваме поставувањето на листата на кандидати со богато искуство во спречувањето и заштитата од дискриминација кои воедно доаѓаат од здруженија кои се етаблирале како независни чинители во унапредувањето на човековите права на граѓаните. Клучна наша забелешка е недостатокот на родово-балансирано учество на предлог-листата, иако половина од кандидатите беа жени, а дел од нив со исклучителни биографии во областа на човековите права и недискриминацијата, потенцираат од „Маргини“.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Мицкоски најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата

May 18, 2025
Инаугурација на папата Лав Четиринаесетти. Фото: Скриншот

Мистиката на папската облека и прстенот – симболи на моќ, жртва и светост

May 18, 2025

Алкалоид денеска во Атина го игра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп против АЕК

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk