Првпат имаме ваков процес за прочистување на судството, имаме голема политичка волја и решителност да изградиме независно судство. Ние имаме два процеса, или Ветинг како во Албанија, целиот систем да се распушти и да се направи поединечна проверка на сите, со проверка на имотот. Таму, откако ги разрешија сите ги прашаа- или докажете потекло на имот или дајте оставка и многумина дадоа оставка, изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
@Овој модел не го поддржува ЕУ. Ова што сега ние го правиме е сериозен обид да изградиме еден функционален систем, да има јавен притисок кон судството за да се извадат лошите работи на површина и да се надминат за да не се повторат.
Ако не успееме во тоа, тоа нема да е неуспех на поединци, туку целосен неуспех на државата. Но, еве, ќе го прифатам и тоа дека ако успееме во реформите тоа нека биде успех на државата, ако не успееме, еве нека биде само мој неуспех“, рече Маричиќ.