ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Законот не е на страната на жртвите на семејно насилство во Русија

Според руските власти, мажите во Русија имаат поголема веројатност да страдаат од дискриминација во случаи на семејно насилство – невидено тврдење кое оди против фактите.

November 25, 2019 11:37
in ДЕНЕС, ФЕМИНА

Според руските власти, мажите во Русија имаат поголема веројатност да страдаат од дискриминација во случаи на семејно насилство – невидено тврдење кое оди против фактите.

Дубиозната изјава е дел од официјалниот одговор на Русија на прашања поставени од страна на Европскиот суд за човекови права во однос на четири случаи на семејно насилство поднесени против Русија. Една од четирите жени кои побараа помош од Европскиот суд е Маргарита Грачева, чиј сопруг ù ги отсекол рацете со секира. Како што често е случај во Русија, недели пред ова да се случи, полициски службеник ја отфрлил жалбата на Грачева во однос на рутинските закани на нејзиниот сопруг како приватна работа.

Во нивниот одговор, Русија изјавила дека мажите имаат поголема веројатност да бидат дискриминирани бидејќи помал е бројот на машки лица кои се жртви и бидејќи „не се очекува да побараат заштита“ мажите, особено ако сторителот е женско лице. Властите, исто така, имаа смелост да тврдат дека подносителите на жалбите ги „поткопуваат“ напорите за справување со семејно насилство.

Ужасни, а понекогаш и фатални случаи на семејно насилство сé почесто се наоѓаат на насловните страници во Русија. Но, властите не го сфаќаат сериозно ова прашање. Властите неволни признаваат дека семејното насилство претставува проблем, но сугерираат дека истиот е „преувеличен“.

Властите инсистираат дека нема причини за донесување на конкретна легислатива за семејно насилство, што подразбира дека сегашните закони се доволни и сметаат дека воведувањето на повеќе закони може да резултира со претерано мешање на владата во „семејниот живот“.

Но, Русија систематски не успева да ги заштити жртвите од семејно насилство. Не постои посебен закон за семејно насилство, ниту правна дефиниција за истото. Не постојат наредби за заштита кои би можеле да им понудат на оние кои преживеале семејно насилство непосредна и долгорочна заштита. Просториите на засолништата се мошне ограничени. Во Февруари 2017 година, амандманите со кои се декриминализираат првите прекршоци на напад во рамките на семејството беа прифатени на големо во рускиот парламент од страна на конзервативните, тврдејќи дека со тоа би се зајакнале семејствата. Во реалноста, тие само ја влошија состојбата со понатамошно слабеење на заштитата.

Рускиот парламент треба под итно да се потсети на три едноставни факти.

Семејното насилство не е ниту „семејна работа“, ниту „традиционална вредност“. Тоа ги загрозува животите, предизвикува психолошки проблеми кај сите генерации и бара силен правен одговор. Второ, директна одговорност е на државата да ги штити жртвите на семејно насилство. И конечно, семејното насилство недоволно се пријавува ширум светот – а уште помалку во Русија поради општествената стигма и немањето доверба во полицијата. Ако ништо друго, недостатокот на сигурни статистички податоци во однос на семејното насилство во Русија зборува за тежината на проблемот – а не обратно.

Јулија Гурбунова/ Хјуман Рајтс Воч

Next Post

Папата го повика светот да се откаже од нуклеарната енергија

НАЈНОВО

Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

August 15, 2025

Собранието закажа итна седница за измени на Изборниот законик, иако изборите се веќе распишани

August 15, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

August 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • MРАЧЕН МЕДИУМСКИ ПЕЈСАЖ (2): Главен уредник – Александар Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште еден отказ на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од социјалните мрежи до коридорите на моќта: Престанете да ѝ кажувате на Украина да отстапи земја, почнете да ѝ кажувате на Русија да ја врати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Карл Билд: Ако Трамп сака може да ја врати Алјаска на Русија, но нема никакво право да тргува со територијата на која било друга нација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk