ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Играш како што другиот ти свири“ – мултимедијален проект на Исмет Рамиќевиќ

„Играш како што другиот ти свири“ е насловена изложбата – мултимедијален проект од циклусот „Молк“ на ликовниот уметник Исмет Рамиќевиќ, која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Културно-информативниот центар. Се работи за скулпторски интерктивен проект од  серија различни удирачки и жичени инструменти инспирирани од  историјата на балканските,  европските и азиските музички култури

November 25, 2019 12:11
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Играш како што другиот ти свири“ е насловена изложбата – мултимедијален проект од циклусот „Молк“ на ликовниот уметник Исмет Рамиќевиќ, која вечер од 20 часот ќе биде отворена во Културно-информативниот центар. Се работи за скулпторски интерктивен проект од  серија различни удирачки и жичени инструменти инспирирани од  историјата на балканските,  европските и азиските музички култури, пренесе МИА.

– Дискретната хибридна визуализација на музички инструменти чии тела дискретно се акцентирани и завршуваат со реалистички или стилизирани куршуми измоделирани се во комбинирана техника. Во извесна смисла овој проект претставува продолжение на претходниот монументален  антимилитантен проект „Молк“. Ваквата хибридизација на инструментите, како и глобалната, а особено локалната  политичка   состојба, спонтано  го генерира  насловот  кој  во себе содржи истовремено и констатација, но, пред сè  апел –  да не „играш како што другиот ти свири“.   Самиот наслов непосредно  реферира на  влијанијата на светските  центри на моќта кои се рефлектираат и реперкуираат  во сите сфери на човечкиот живот, соопшти КИЦ.

Организаторот на изложбата наведува дека покрај за професионалните музичари,  таа е отворена за интеракција и со публиката, така што музицирањето со различните инструменти,  суптилно  ќе го претставува отпорот  кон  севкупната современа политичка состојба.

Исмет Рамиќевиќ е професор по вајарство на Факултетот за ликовни уметности и е член на Друштвото на ликовните уметници од 1987 година.

Next Post

Де Лаурентис сака да ги казни играчите на Наполи со 2,5 милиони евра

НАЈНОВО

Трамп и Путин во Будимпешта

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

Ѓорѓиевски: Ќе направиме генералка во цело Скопје во првите 72 часа

October 23, 2025

Стармер: Балканот е европско искушение – котел што безбедноста ја става на тест

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 22 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk