Сите кои се на власт и кои биле на власт, на некаква функција, треба да да му се извинат на македонскиот народ што не направиле доволно да го спречат иселувањето, и тој стравично лош демографски тренд да не го користат во своите дневно-политички агенди, истакна денеска претседателот Стево Пендаровски во врска со неговата изјава дадена во Нови Сад дека доколку не бил претседател би се иселил од државата.
– Ви тврдам, малку подолго сум во оваа јавна работа која ја нарекуваат политика и малку повеќе години имам за да паметам, не постои ниедна политичка партија во оваа земја, ниеден претседател, ниту еден премиер, од 90та до денес, кој може да се пофали со големи резултати во намалување на негативните трендови во таа област. Ако некој мисли за време на оваа партија беше лошо, а во наше време не се иселуваа младите, тој греши. Да не го лажеме народот и граѓаните, изјави Пендаровски по денешната средба со раководството на ССМ.