ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Македонското топче во рацете на бугарскиот кловн

January 31, 2021 23:01
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Карикатура: Оноре Домиер (1808-1879)

Карикатура: Оноре Домиер (1808-1879)

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Џонатан Гловер ни покажува како когнитивната компонента на човековата природа може да ни овозможи да го сузбиеме насилството, дури и кога тоа во одреден момент ни се чини како разумна стратегија. И како можеме светската памет да ја искористиме во конкретни судири каков што е овој со кој Бугарија одбра да го забавува светот во глупавиот жонглерај со македонското топче, но, и за Македонија, не само како топче во рацете на бугарскиот кловн, туку и како субјект:

„Понекогаш испаѓа дека стратегиите кои се наизглед разумни и го штитат нашиот интерес, всушност му штетат на нашиот интерес. Може да ни се чини дека тоа се противи на нашиот разум, но не е така. Разумот го спасува неговата отвореност. Ако стратегијата на почитување на прифатените правила понекогаш се покажува неуспешна, тоа не е крај. Во тој случај ги менуваме правилата за да го земеме тоа предвид и така создаваме разумна стратегија од повисок ред. И таа може да се покаже неуспешна, но во тој случај мораме да одиме напред. На било кое ниво на кое ќе доживееме пораз, секогаш е тука процесот кој ни овозможува да се одлепиме и да се искачиме на повисоко ниво.“

Дозволете да обрнам внимание на „процесот” на остварување на националните интереси и на „поразите“ или нешто што така го доживуваме, преку кои може да се напредува.

Нема предавање и нема ретерирање. Само напред, погоре и погоре.

Така јас го читам Гловер.

Тој процес на одлепување и премин на повисоко ниво, можеби е нужен за да се премостат емотивните, а не само интелектуалните пречки за мирот.

Во ова надоврзување на  Стивен Пинкер јас исто така откривам можности за решавање на спорот со Бугарија: влез во емотивниот свет на другиот. Бугарската позиција не е агресивна од аспект не само на бугарската политика, туку и на просечниот Бугарин, како што мислиме ние, исто како што македонската позиција не е антибугарска освен ако самото македонство тие не го сметаат за антибугарски елемент.

Во тие емотивни системи треба да се влезе.

Мислам дека тоа ќе помогне да се дојде до решение.

Дипломатските миротворци настојуваат да ги предупредат спротивставените страни дека се фатени во смртоносна игра и настојуваат да ги натераат да се повлечат од неа. Настојуваат да го ублажат судирот така што внимателно ги формулираат компромисите кои се однесуваат на спорните ресурси.

Настојуваат да ја разводенат хобсовската замка по пат на „мерките кои ја засилуваат самодовербата“. Исто така, настојуваат секоја спротивставена страна да ја воведат во моралниот круг на другата, олеснувајќи ја трговијата, културната размена и добротворните активности.

Во нашите односи тоа се историските ресурси.

Што бил Гоце Делчев.

Ете тоа е таа емотивна димензија.

Макар што се шири кругот на луѓето кои на оваа идиотско прашање добиваат силни болки во пределот на гениталиите.

Јас не гледам зошто тој како Бугарин не би можел да остане во иконостасот на македонската борба.

А не гледам ниту како тој факт и таа формулација може да им штети на бугарските интереси.

Гоце можел да се бори и за бугарска Македонија, мене тоа ми е поверојатно, океј, но светот се свртел и тој влегол во пантеонот на една нова нација.

Можеби можеме да ги поделиме коските, па една фибула да им вратиме на Бугарите.

Или цела вреќа коски.

Сосе лидерот на вмро кој тврди дека ако Македонија се согласи дека Гоце бил Бугарин, Македонија ќе престане да постои.

Хахаха!

А што треба да признае Македонија за да престане да постои тој и неговата партија за која постои основано сомнение дека е бугарска партија?

Пишете ме дека сум Шкот.

Милтон Вилкинсон, дипломат на кој не му успеа да ги натера Турците и Грците да ги закопаат воените секири во врска со Кипар, истакнува дека миротворците мораат да ги сфатат емоционалните способности  на спротивставените страни, а не само да ги неутрализираат актуелните рационални побуди. Дури и најдобрите планови на миротворците пропаѓаат поради етноцентризмот на спротивставените страни, нивното чувство на чест, морализации, самозалажувања.

Така е Милтон.

Но, тоа значи дека треба да се бориме против етноцентризмот, а не со негово јакнење да бараме решенија.

Како што прават идиотите и во Македонија и во Бугарија.

Теоретичарите на игрите покажале дека одлуката која е најдобра за секој посебен играч, понекогаш е најлоша за двајцата, вкупно гледано. Најпознат пример е Затворениковата дилема во кој учесниците во некој злостор се држат во одвоени ќелии. И на едниот и на другиот им е ветена слобода ако го издадат партнерот, блага казна ако ниту еден не го предаде другиот и умерена казна ако и двајцата се издадат. Оптималната стратегија за секој од нив е да се повлечат од соучесништвото, но кога и двајцата тоа ќе го направат завршуваат полошо отколку кога би останале верни. А од друга страна, ниту еден не може да остане лојален од страв дека оној другиот ќе се повлече и ќе го остави во најлоша можна позиција.

Затворениковата дилема е слична на дилемата на миротворецот. Она што е добро за еден (војна), лошо е за двајцата, но она што е добро за двјцата (мир), не е одржливо кога ниту еден од нив не може да биде сигурен дека и оној другиот ќе се одлучи за таа опција.

Да завршам: Македонија е подготвена за отстапки на кои ниту една држава и нација не биле подготвени во целокупната историја на политиката и државноста. На нациите посебно. Но тоа значи дека и ние сме посебни. Во таа конфликтна смисла. Ха. Блокадата на Бугарија е најсрамен чин во историјата на Европската унија. Злосторнички акт. Геноцид во обид. Идеја за територијално и етничко разместување, односно директна причина за војна. Балканска, а можеби и светска. Наша задача е да влеземе во емотивниот свет на Бугарите и да видиме дека тие тоа не го прават затоа што многу им се војува, туку затоа што имаат други емотивни набои кон Македонија, кои се нивни, дел се од нивната култура, образование и домашно воспитување. Тие не се наши непријатели ниту ние сме нивни жртви. Треба да го слушаме Гловер, да се качуваме на повисоките нивоа и да не престануваме да се качуваме.

 


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта пристигна во Скопје, пречекан од министерот за европски прашања Муртезани

May 15, 2025

Гаши: До Собранието се уште не е доставена оставка од Таравари, ниту предлог за гувернер

May 15, 2025
VDzambaski / Flickr

Разочарување по блокадата на ВМРО-ДПМНЕ на Законот за Кочани

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научници за прв пат претворија олово во злато

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk