ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Наместо Македонија, викендов се распрарчи деструктивноста на Мицкоски, време е да се извини и да ја напушти политиката

December 1, 2020 10:05
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува БРАНИСЛАВ ЃОРЃЕВСКИ

Денеска е понеделник, измина викендот, изминаа околу 48 часа откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ театрално пред владата, пред мал број негови приврзаници најави дека имал некакви информации дека за време на викендот во Софија се распарчувала Македонија.

Денеска е понеделник, нашата татковина е целосна, не е распарчена како што апокалиптично најавуваше Мицкоски. Нашиот јазик е македонски, а македонски ни е и идентитетот.

Црните прогнози на Мицкоски, на негова жал, а на радост на сите останати не се остварија. Македонија не е распрачена, но распарчена е деструктивноста на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Ако е барем малку одговорен политичар, ако барем малку се грижи за државните и национални интереси, Мицкоски денеска треба да излезе пред јавноста, да и се извини за грубите лаги што ги изрече во саботата, а потоа достоинствено да се повлече од политиката.

Но пред тоа, треба јавно да каже кој му бил изворот, од каде добил такви информации кои без око да му трепне ги сподели на јавен собир.

Да се биде лидер на политичка партија значи и да се одмеруваат јавно искажаните зборови. Таа лекција Мицкоски освен што не сака да ја научи туку постојано го прави спротивното. Пласира конструкции, невистини и лажни вести за потоа да се крие во белиот дворец, зад опскурни соопштенија од неговата партија.

Тоа не доликува ниту на претседател на општински огранок, а не пак на претседател на опозициска партија.

За сето време додека го предводи ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ниту еднаш не застана на страната на интересите на граѓаните и државата. Напротив, правеше и прави се за да наштети на сопствената држава, на сопствениот народ.

Ако е од Мицкоски и премногу е, време е е политиката да ја замени со катедрата на Машински факултет, затоа што тоа најверојатно е единственото место каде не може да шири лажни вести и дезинформации.

Next Post

Живот ли е ЕУ или панаѓур?

Најново

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk