ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Нема настан на кој полицијата не постапувала и поднела соодветни пријави за секое групирање

February 1, 2021 17:39
in ДЕНЕС, КРИМИНАЛ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Собранието на денешната 30-та седница во попладневиот дел од работата без дискусија и во прво читање поминаа повеќе закони од сферата на одбраната, внатрешни работи, здравство, земјоделство и финасирање. Пратениците по овие закони дополнително ќе гласаат кога ќе се создадат услови за тоа.

Куса расправа имаше само во врска со Предлогот законот за изменување на Законот за полиција, во прво читање. Пратникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски праша зошто со измените, меѓу другото, се врши бришење на одредбата со која полицијата води евиденција за лица за кои е извршена безбедносна проверка. Тој упати и забелешка дека полицијата постапува селективно во различни подрачја во земјава во однос на групирања на граѓани во услови на ковид – криза.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски појасни дека безбедносната проценка се брише од Законот за полиција затоа што таа проценка преминува во надлежност на новоформираната Агенцијата за национална безбедност.

Во однос на тоа дека полицијата постапува селективно при групирања на граѓани во услови на пандемија, Спасовски рече дека нема ниту еден настан на кој полицијата не постапувала и поднела соодветни пријави за секое групирање. За протестот од петокот, рече, има и кривични и прекршочни пријави, а најави дека јавноста ќе биде информирана деновиве.

– Детално ќе информираме утре или задутре врз основа на тоа што ќе биде сработено, завршено до крај од одделот за насилен криминал и Јавното обвинителство.Така што, никаде и во ниту еден момент нема состојба во која што не се преземаат дејствија и одредени активности, само се прави една проценка за тоа како и на кој начин да ја сочуваме состојбата на едно задоволително ниво и да не настанат поголеми штети, рече Спасовски.

Претходно денеска во Собранието се гласаше само за Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка, со што се создаваат услови за увоз на вакцини за Ковид-19 во земјата. Законот беше донесен со 70  гласа „за“, а беше поддржан и од опозоциските пратеници, кои и покрај тоа изнесоа низа критики за доцнењето на вакцините во земјата. /МИА/.

Next Post

ФЗО ќе обезбеди условен буџет за Детската клиника за набавка на лекот Kalydeco/Ivacaftor

НАЈНОВО

Анаис

Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

November 8, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk