ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Анѓушев: Во финална фаза подготовките за објавување тендер за изградба на ХЕЦ Чебрен преку ЈПП

Подготовките за објавување на тендер за изградба на хидро електраната Чебрен по принцип на јавно приватно партнерство (ЈПП) се во финална фаза, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на презентација во Владата на новата прелиминарна студија изработена од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ (International Finance Corporation – IFC), дел од групацијата Светска банка, која е неопходна за објавување на тендер за изградба на ХЕЦ Чебрен на која имаше и претставници на Секретаријатот на енергетската заедница

November 26, 2019 15:42
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Подготовките за објавување на тендер за изградба на хидро електраната Чебрен по принцип на јавно приватно партнерство (ЈПП) се во финална фаза, порача вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев на презентација во Владата на новата прелиминарна студија изработена од Меѓународната финансиска корпорација ИФЦ (International Finance Corporation – IFC), дел од групацијата Светска банка, која е неопходна за објавување на тендер за изградба на ХЕЦ Чебрен на која имаше и претставници на Секретаријатот на енергетската заедница, пренесе МИА.

-Владата на Република Северна Македонија е посветена на реализација на енергетските реформи, кои подразбираат и постепена транзиција од конвенционалното производство на електрична енергија од фосилни горива, кон се повисоко ниво на производство на енергија од обновливи извори. ХЕЦ Чебрен ќе овозможи дополнителна стабилности и сигурност на електро-енергетскиот систем во Северна Македонија, со обезбедувањето на секундарна регулација и потребните балансни услуги на системот во земјата и во регионот, рече Анѓушев.

По многубројни неуспешни тендери, со новиот сеопфатен пристап и студиите направени за ХЕЦ Чебрен, како и вклучување на сите релевантни страни, додаде дека е убеден во успешна реализација на јавниот тендер и конечна реализација на проектот.

-Со изградбата на овој енергетски капацитет, како и реализација на проектите за изградба на фотонапонски електрани со инсталирана моќност од околу 200 мегавати, што е десеткратно поголемо производство од досегашното, удвојување на производството на електрична енергија од ветерни електрани, производството на електрична енергија од обновливи извори значително ќе се зголеми, потенцира Анѓушев.

Студијата ја презентираа претставници на консултантската куќа АФ МЕРКАДОС во соработка со Ексергија, кои беа ангажирани од страна на ИФЦ. На презентацијата присуствуваше и делегација од Секретаријатот на енергетската заедница, предводена од заменик директорот на Дирк Бушле, како и делегација од ИФЦ, предводена од менаџерот задолжен за Северна Македонија и Црна Гора, Зоран Мартиновски.

Претставниците на Секретаријатот на енергетската заедница ги оценија позитивно реформите во енергетскиот сектор во изминатиот период, а тоа се потврдува и во нивниот последен годишен извештај, кадешто Република Северна Македонија е препознаена како регионален шампион во спроведувањето на реформите во енергетскиот сектор.

Изградбата на хидро електраната Чебрен  е стратешки проект кој е од голема важност за енергетската стабилност во Северна Македонија и во регионот на Југоисточна Европа. Согласно предвидениот план, се очекува до крајот на 2019 година да се објави меѓународен јавен повик за изградба на ХЕЦ Чебрен. Како што информираат од Кабинетот на Анѓушев, од информациите добиени од ИФЦ,  постои голем интере од меѓународните компании за инвестирање во овој проект.

Next Post

Царовска: Со социјалната реформа ја зголемивме социјалната помош и платите на социјалните работници

Shortcut

Најново

Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026
Хан Соло Џуниор (Илустрација: ChatGPT/OpenAI – FRONTLINE.MK)

Чалам на виткање, карактер на расклопување

September 19, 2026

Фон дер Лајен на турнеја низ Западен Балкан – Белград и Сараево одложени по изборите

September 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Сикорски: Ако Русија нè нападне и „ги симнеме ракавиците“, ние би ја поразиле прилично брзо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk