Собранието доцна синоќа не ја прифати интерпелацијата за работата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. По целодневна расправа, 53 пратеници гласаа „ЗА“ , а „ПРОТИВ“ беа 55.
Одговарајќи на обвинувањата од опозициските пратеници, Димитров кажа дека се чувствува како пожарникар ставен во позиција да му се правда на пироманот.
За пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој е претседател на Комисијата за надворешни работи, рече дека станува збор за човек што е демантиран речиси секојдневно од земји-членки на Европската Унија, поради шпекулации по социјалните медиуми.