ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Отфрлена кривичната пријава на врховна судијка против тројца членови на Судскиот совет

February 8, 2021 10:54
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter
Основното јавно обвинителство Скопје ја отфрли кривичната пријава поднесена од судија на Врховниот суд против претседателот и два члена на Судскиот совет на РСМ за кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Пријавителката во кривичната пријава наведе дека пријавените, во својство на службени лица, во периодот од септември 2020 до јануари 2021 година, ја злоупотребиле службената положба при одлучувањето и гласањето на седница на Сускиот совет на која се разгледувал извештај за утврување одговорност на судијката на Врховниот суд. Тие наводно ги пречекориле границите на своето службено овластување со намера потешко да ги повредат правата на оштетената, а притоа од лични и политички причини вршеле влијание и врз другите членови на Судскиот совет при одлучувањето. Така, предлогот на Комисијата која го разгледувала извештајот и предложила запирање на постапката против судијката на Врховен суд го вратиле на доработка, потоа избрале нов член во Комисијата и одлучувале без да ја известат оштетената за резултатите од гласањето и за дополнително спроведените дејствија. На 19.01.2021 година Комисијата, без никакви дополнително утврдени околности, донела предлог-одлука за разрешување на судијката во Врховен суд, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство.

Заради утврдување на наводите во кривичната пријава, јавниот обвинител ги прибавил списите од предметот на Судскиот совет и детално ги проучи.

-Од анализа на хронологијата на целокупното постапување произлезе дека Судскиот совет на седницата одржана на 29.09.2020 година расправал по извештајот на Комисијата со кој се предлага запирање на постапката против оштетената. Но, при гласањето не било постигнато потребното двотретинско мнозинство за одлуката да помине, па согласно член 60-д од Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет било оценето дека е потребна доработка на предметот и списите биле вратени на Комисијата. Изборот на нов член на предметната комисија бил извршен со ждрепка, согласно член 56 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет. Од записниците се констатира дека една од пријавените членови на Судскиот совет воопшто не се јавила за збор при расправата за извештајот, додека другата пријавена се јавила за збор и дала образложено мислење за кое не може да биде повикана на одговорност, имајќи ги предвид правата и обврските на членовите на Судскиот совет пропишани со закон. Комисијата за утврдување одговорност на судија одржала ново советување и гласање на 18.01.2021 година, но до Советот се уште не доставила извештај со предлог-одлука, се наведува во соопштението.

Од тие причини надлежниот јавен обвинител одлучил дека во дејствата на пријавените не се содржани елементи на кривично дело кое се гони по службена должност. Решението е доставено на оштетената, која има право на жалба во рок од осум дена до Вишото јавно обвинителство Скопје.​​

 

/МИА/
Next Post

Општините продолжуваат со праксата на неплаќање на обврските

НАЈНОВО

Фудбалски стадион на Јувентус

Јувентус му врачи отказ на Тудор

October 27, 2025

Мицкоски: Апсолутно е неточно дека постои разговор за коалиција со Рамиз Мерко, некои портали креираат сензација

October 27, 2025

Европската Комисија објави конкурс од 13,8 милиони евра за прекугранична новинарска соработка и медиумски плурализам

October 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 27 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk