ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Алаѓозовски: Пописот како важна алка во гарантирање на правичната застапеност

February 11, 2021 15:13
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Националниот координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка, Роберт Алаѓозовски, денеска оствари средба со претставници на турската етничка заедница во Северна Македонија. Фокусот на средбата беше важноста од спроведување на успешен попис, во контекст на заложбите на Владата интегрирани во Националната стратегија за развој на концептот за едно општество и интеркултурализмот 2020-2022 година, информираат владини извори.


На состанокот присуствуваа заменик-министерот за политички систем и односи со заедниците Илхан Рахман, заменик-министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин, градоначалникот на Центар Жупа, Аријан Ибраим, пратениците Енес Ибраим и Бејџан Илијас, Јусуф Хасани, поранешен пратеник, директорот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците Еран Куртуш, како и претставници на граѓанските здруженија, односно Устреф Емин претседател на Сојузот на турски невладини организации, Халил Абдулах, претседател на културно-уметничкото друштво „Јени Јол“ и Шахпаз Молалиев, од „Хид Бах Шен Фест Чалакли“, Валандово.

На состанокот присуствуваше и Јасмина Ѓоргиева, од Државниот завод за статистика.

Присутните беа едногласни за важноста од спроведување на оваа најмасовна статистичка операција во нашата држава. Тие се осврнаа на потребата од релевантни податоци за креирање на долгорочни политики, како на централно така и на локално ниво. Исто така, беше подвлечено значењето од спроведување на успешен попис и за професионално функционирање на граѓанските здруженија.

Како што истакна, националниот координатор Алаѓозовски, податоците добиени од пописот ќе помогнат и за соодветна имплементација на Стратегијата за едно општество, а особено за гарантирање на правичната застапеност на немнозинските заедници.

При креирањето на политики мора да бидат земени предвид спецификите на сите етнички заедници во нашата држава, а тие политики мора да се базираат на податоци добиени од пописот.

На средбата беа отворени неколку прашања поврзани со спроведувањето на пописот, можноста при попишувањето да се користат јазиците на кои зборуваат немнозинските заедници, како и правичната застапеност помеѓу попишувачите на терен.

Претставничката на ДЗС, Ѓоргиева, информираше дека секој ќе има право да биде попишан на еден од седумте јазици предвидени со Уставот на Северна Македонија, односно македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански.

Заклучокот на средбата беше дека за да имаме успешен попис неопходна ќе биде вклученост на сите. Согласно своите надлежности секој треба да помогне во градење на доверба кон процесот, јакнење на свеста за важноста од истиот, како и вклучување во конкретната активност, односно попишувањето на терен.

Next Post

МЗ: Над 25 илјади граѓани пополниле апликација за вакцина против КОВИД-19

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk