ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Битиќи: Недела ќе биде законски дефинирана како неработен ден, ова ќе ја зголеми продуктивноста но и благосостојбата на сите граѓани

February 11, 2021 16:01
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи гостуваше во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат, каде заедно со претседателката на Сојузот на стопански комори Данела Арсовска и претседателот на Сојузот на синдикати, Дарко Димовски, дискутираа за новотo решение за Законот за работни односи и дефинирањето на недела како неработен ден, како и за одредени аспекти од најавениот петти сет на економски мерки, информираат од Владата.

Вицепремиерот Битиќи потсети дека едно од ветувањата на Владата е дека недела ќе биде законски дефинирана како неработен ден, а законското решение ќе биде усогласено со сите социјални партнери и треба да ги задоволи и синдикалните организации, како претставници на работниците, стопанските комори, како претставници на компаниите, граѓаните, за задоволување на нивните дневни потреби, како и да биде во согласност со Програмата за работа на Владата. Тој истакна дека со сите социјални партнери се разговара за дефинирање на сектори кои би биле исклучоци и за кои би се дозволило да работат во недела, а тоа се сектори во кои технолошките процеси едноставно не може да застанат. Она што е значајно да се потенцира е дека не сите работодавачи од овие дејности ќе можат да работат во недела.

„Законското решение кое се планира да се донесе, не е нешто кое треба да ги изненади граѓаните и бизнисите, бидејќи е едно од владините ветувања каде сме кажале дека недела ќе биде неработен и ден за одмор. Сепак, свесни сме дека не може да се затвори целата економија и затоа има одредени исклучоци, и овие исклучоци во консултација со работодавачите, синдикатите и коморите се дефинираат“, појасни Битиќи и дополни дека ќе можат да работат само оние дејности кои ќе покажат дека технолошко производствениот процес не може да прекине.

Тој додаде дека многу важно е да се направи баланс во врска со потребите на работодавачите и работниците, кој би се рефлектирал со соодветни плати и надоместоци за вработените во однос на нивната продуктивност.

„Работниците не се плаќаат според тоа колку се приходите туку тие треба да се плаќаат колку се продуктивни, затоа што пак нивната продуктивност носи повисоки приходи и повисока добивка за компаниите. Ова во Северна Македонија треба да го објасниме еднаш и засекогаш. Но, не може да ги загрозиме елементарните права на граѓаните само затоа што од другата страна имале потреба. Имаме политики кои помагаат и на страната на бизнисите но и на страна на граѓаните и работниците“, подвлече вицепремиерот Битиќи.

Вицепремиерот Битиќи ја потенцираше и важноста на носење на законски решенија кои ќе бидат јасно дефинирани.

„Со јасното дефинирање на правата и обврските во Законот, моментот на непочитување на законот можат да се сведат на минимум, затоа што инспекциските служби исто така имаат повеќе надлежности. Ние веќе во законското решение влегуваме во делот на казни и на улогата на инспекциските служби, утврдуваме што значи прекршување на ова одредба“, нагласи вицепремиерот Битиќи во емисијата Економски магазин на телевизија Алсат.

Next Post

Средба на претседателот на Уставниот суд Мурати со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk