ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Средба на претседателот на Уставниот суд Мурати со италијанскиот амбасадор Андреа Силвестри

February 11, 2021 16:06
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати денеска оствари протоколарна средба со новоименуваниот италијански амбасадор Андреа Силвестри, на која било разговарано за продлабочување на пријателските односи помеѓу уставните судови на двете земји и отпочнување на билатерална соработка за размена на искуства од областа на уставната правда.

На почетокот на средбата, Силвестри, се вели во соопштението од Уставниот суд, истакнал дека како новоименуван италијански амбасадор, посетата на Уставниот суд е со цел изворно да се запознае со работата на една од највисоките институции во државата.

Мурати, како што информираат од Уставниот суд, на средбата ја презентирал уставната положба на Суд, историјатот и надлежностите на оваа институција, како и  состојбите и предизвиците со кои Судот се соочува заради остварување на целосна административна, функционална и финансиска независност.

Притоа, тој, го запознал амбасадорот Силвестри и со последните измени и дополнувања на поголем број одредби од Деловникот на Судот, направени со цел што побрзо да се обезбеди независноста во сите сегменти од работата на судот. Во таа насока, Мурати укажал дека за прв пат годинава судот има зголемен буџет од 32 проценти, а со донесувањето на актите за внатрешна систематизација се создаваат правни предуслови за административно осамостојување на стручната служба во Судот.

Мурати, исто така, истакнал дека изминатата година Судот бележи зголемена транспарентност во однос на својата работа, и покрај рестрикциите поради КОВИД-19, како и дека одржа повеќе подготвителни седници со што се даде можност и на научната фела да даде свој придонес при анализата на битни прашања што се предмет на оценка на Судот.

Италијанскиот амбасадор Силвестри укажувајќи на историските и културни врски на двете земји, потенцирал дека римското право е еден од столбовите врз кои се создаде денешното континентално право и најави можност за донирање на стручна литература за збогатување на фондот на библиотеката во Уставниот суд.

 

/МИА/
Next Post

Талески: Милошоски да поднесе оставка по скандалот дека е осуден за „кражба“ и „фалсификување“

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk