Премиерот Зоран Заев најави дека на владина седница поминал закон со кој се отвара патот на 5 нови мега инвестиции од странски компании.
Во интервју за ТВ ШЕЊА, Заев откри дека секоја од нив во земјава ќе инвестира стотина милиони евра, а сето тоа доаѓа благодарение на членството во НАТО која дава сигурност на гигантните инвеститори.
По полноправното членство во НАТО, Заев вели дека рапидно ќе растат инвестициите, а со тоа и платите во приватниот сектор.
А. З.