ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Османи: Меѓувладината седница плодна и добра основа за враќање на довербата со Софија

February 16, 2021 14:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Комуникацијата со бугарската страна очекувам да продолжи во наредните денови и да го финализираме текстот на Акцискиот план, кој е фокусиран на секторската соработка помеѓу линиските министерства како и евентуално да го утврдиме датумот за одржување на втората меѓувладина седница, чии домаќини овој пат сме ние, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

–Јас сум во постојана комуникација со министерката Захариева, меѓутоа и нашите служби комуницираат и во делот на финализирање на текстот, а бидејќи финализирање на текстот сепак е комплексен процес затоа што вклучува многу институции. Секоја институција во својот дел треба да каже дали е тоа во ред или пак треба да има дополнителни измени. Но јас мислам 99 проценти од тој акциски план којшто ги содржи, ја содржи тематската односно секторската соработка е финализиран. Очекуваме да го финализираме и тој останатиот дел, и да утврдиме датум, се разбира во зависност од агендите на двете влади и ангажманот што го има Владата на Бугарија во однос на изборите, рече Османи на новинарско прашање што содржи Акцискиот план конкретно и кога ќе има средба со Захариева за да го утврдите датумот за меѓувладината конференција.

Запрашан кој е тој еден процент кој не е усогласен од Акцискиот план, Османи појасни дека разликите се технички по однос на предлозите.

-Меѓутоа немаме суштински разлики по однос на пристапот и по однос на содржината што треба да биде дел од тој акциски план во секторската соработка. И затоа сум оптимист дека во наредните денови ќе финализираме тој текст, рече шефот на дипломатијата.  

Тој оцени дека со тоа што имаме дефиниран план, имаме одредени прашања реализирани во минатиот период и во делот на историската комисија и во делот на секторската соработка, таа седница може да биде плодна и да биде добра основа за враќање на довербата и за продолжување понатаму на соработката помеѓу двете држави, рече Османи.

Појасни дека во првата фаза од дијалог на двете страни имало премногу емоции, па затоа е пристапено со нов порационален пристап каде фокусот е ставен токму на секторската соработка помеѓу линиските министерства коишто ќе го подобруваат животот на граѓаните од двете страни на границата и дека тој пристап е соодветен и во согласност со Договорот потпишан во 2017 година.

Запрашан дали на средбата со министерката Захариева ќе разговараат и на политички план односно дали ќе се отворат спорните точки, Османи нагласи дека двете страни постојано разговараат на тие теми.

-Се разбира дека ние постојано ги разговараме тие теми. Се додека постојат тие разлики ние треба да разговараме, да продолжиме и никако не смееме да дозволиме ова да прерасне во еден замрзнат конфликт во кој, како што имавме во претходни ситуации коишто само ќе ја влошат довербата и ќе ги влошат изгледите за изнаоѓање на решение. Мојот пристап е да се комуницира, но сепак сега да ставиме акцент таму каде што имаме најмалку разлики. Прво затоа што тие не смеат да бидат жртва на овие разлики. Од секторската соработка зависат судбини на бизниси, на семејства коишто се во дел на таа економска трговска размена со Република Бугарија и ние мора да водиме сметка за нашите граѓани, на инфраструткурните проекти коишто не поврзуваат и со тоа да ја создадеме таа основа на доверба за да потоа полесно разговараме и за овие прашања коишто изгледа содржат повеќе емоции. Очигледно пристапот да се разговара само за овие теми се покажа дека е покомплициран, вели шефот на дипломатијата.

Во однос на денешниот видео состанок со португласкиот колега Сантос Силва, чија земја сега е претседавач со ЕУ, Османи рече дека разговарале, пред се по однос и на билатералната соработка, но и на приоритетите коишто ќе ги има и ги има португалското претседателство со ЕУ во наредните шест месеци.

-Задоволува фактот што тие го имаат приоритет Западниот Балкан и европската перспектива и со тоа европската перспектива на Република Северна Македонија. Се уште не се во фаза да навлезат подетално во овие билатерални односи и разлики што ги имаме со Република Бугарија, но самиот факт што португалското претседателство покажува фокус и интерес за ова прашање дава надеж дека може да се искористат наредните два самита, мартовскиот и јунскиот самит на ЕУ, рече Османи.

 

/МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи: Немаме време да се дефокусираме на прашања кои не се во интерес на граѓаните

НАЈНОВО

Дариус Конџи добитник на Златна камера 300 за животно дело на 46. ИФФК „Браќа Манаки“

September 10, 2025
Фото: Геенрирано со ВИ

Македонија на крстопат: Резолуција што може да го одблокира европскиот пат!

September 10, 2025

Фон дер Лајен најави построги мерки против Израел, осудувајќи го гладувањето во Газа

September 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Интервју со Кристина Костова

    Мижи Митро, толумби паѓат и Орце ќе го донесе EXIT во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • EXIT ќе го носел. А бе оди прај си Ѓурѓовден на Три Круши

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: „2 Бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ , македонска музика и добра забава во сабота во Паркот на Франкофонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хрватската легенда Дарко Рундек го снима најновиот видео спот во Скопје под режија на Ѓорѓе Јовановиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk