ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи и Шахпаска на средба со стопанските комори: „Недела – ден за одмор“ ќе влијае за поголема продуктивност и благосостојба на работниците

February 16, 2021 19:35
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Нацрт решението за измени и дополнувања на Законот за работни односи, кои се однесуваат на прогласувањето на денот недела за неработен, беше тема на дискусија на денешната средба на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и советникот на премиерот за труд и социјална политика, Милан Живковиќ со претставници на стопанските комори членки на Платформата за јавно-приватен дијалог – Стопанска комора на Македонија, Сојуз на стопански комори, Стопанска комора на Северозападна Македонија и МАСИТ.

Како што соопшти Кабинетот на заменик претседателот на Владата за економски прашања, координација со економски сектори и инвестиции, вицепремиерот Битиќи и министерката Шахпаска посочија дека Владата останува отворена за дискусија со сите чинители на економското живеење, за секоја иницијатива поврзана со нивното делување, нагласувајќи дека ваквиот транспарентен и инклузивен начин на работа покажал дека кога решенијата се носат со заеднички консензус на сите вклучени страни имаат најпозитивен ефект.

– Презентирајќи го нацрт-решението на измените и дополнувањата на Законот за работни односи, министерката Шахпаска посочи дека главните поенти на ова законско решение се неделата ќе биде ден за неделен одмор на работниците; ќе постојат исклучоци во одредени дејности кои ќе бидат стриктно наведени во законското решение, а кои поради природата на технолошко-техничкиот процес не може да запрат со работа или се неопходни за нормално функционирање на целото општество; сите работници и работнички ангажирани во компании кои припаѓаат во дејностите кои се дефинирани како исклучоци, ќе мора да добијат соодветен надомест за нивниот работен ангажман, дефиниран со Закон и колективен договор; и сите работнички и работници кои ќе бидат ангажирани во недела, ќе мора да добијат дополнителен слободен ден за одмор во текот на наредната работна седмица, се наведува во соопштението.

Битиќи и Шахпаска нагласија дека со ова законско решение очекуваат да се зголеми задоволството и благосостојбата на работничките и работниците, а со тоа и да се зголеми нивната продуктивност на работните места, што би било во интерес и на работодовачите и на работниците.

Законското решение за недела неработен ден, кое е дел од Програмата на Владата, се уште се дискутира помеѓу сите засегнати страни, во интерес на изнаоѓање на најсоодветно решение со кое би биле задоволни и синдикалните организации, како претставници на работниците и стопанските комори, како претставници на компаниите, се додава во соопштението на Кабиентот на вицепремиерот Битиќи. /МИА/

Next Post

Максимални казни затвор за обвинетите во „Таргет-Тврдина“ побара Обвинителството во завршниот збор

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk