ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Денес почнува вакцинацијата на медицинскиот персонал, следната недела треба да стигнат останатите вакцини од Србија

February 17, 2021 06:47
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Вакцинацијата на медицинскиот персонал стартува денеска. Министерот за здравство д-р Венко Филипче во вчерашното гостување во вестите на ТВ Сител истакна дека почетокот на вакцинацијата против ковид-19 во земјата е всушност почеток на последната фаза во борбата со пандемијата. Филипче рече дека за десет дена се навршува точно една година од првиот регистиран случај во нашата земја и потсети дека ова беше година на многу неизвесности- како да се одржи здравствениот систем стабилен, како да се спаси секој еден човечки животи.

Во однос на подготовките за процесот на вакцинација, Филипче изјави дека здравствениот систем е целосно подготвен.
„Се спремавме согласно сите препораки, од сите соодветни здравствени меѓународни институции, СЗО, производителите. Така го димензиониравме нашиот систем. Едноставно, го надградивме постоечкиот систем на имунизација. Низ неколку фази на едукација целосно се едуцирани, тренирани докторите и медицинските сестри коишто ќе работат на вакцинацијата. Целосно е поставена инфраструктурата и подготвени се пунктовите. “ – истакна Филипче и потенцираше дека и СЗО  ја препозна нашата земја како најподготвена за процесот на имунизација, согласно прашалникот  кој го поплнувале сите земји од Европа и пошироко.
Филипче истакна дека, и покрај огромното искуство за имунизација со други вакцини, станува збор за специфичен процес.
„Требаше да се подготват вакциналните пунктови. Сепак се тоа места каде вообичаено доаѓаат деца, што значи требаше да се направи реорганизација.  Фрижидерите не се само нешто што треба да се постави, има точно време колку вакцините треба и можат да стојат во фрижидерите, колку време стојат надвор, како се раствораат итн. Сето ова е еден комплексен процес, со препораки коишто мора стриктно да се следат. Сепак ова е нова работа, нов систем кој се случува насекаде во светот.“ – изјави Филипче.
Филипче изјави дека вакцинацијата почнува со здравствените работници кои работеле и работат со КОВИД пациенти. Тоа се здравствените работници од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, Градската општа болница „8 Септември“, болницата во Козле, клиниките во склоп на интерните клиники кои хоспитализираа пациенти. Од следната недела и медицинските лица во болниците ширум државата, како и приватните болници.
„Ние за 10-тина дена се чини дека ќе бидеме една од ретките земји во Европа во која ќе бидат вакцинирани сите здравствени работници коишто работат со ковид пациенти, согласно нашиот план. “ – потенцираше Филипче.
Министерот истакна дека по пристигнување на вакцините, има административни процедури кои мора да се завршат.  Кога се прима вакцината се анализираат документите, сертификатите кои доаѓаат од производителот, контролата на квалитет и тоа е една стандардна процедура која кај нас се одвива, а во која учествува царинската управа, агенцијата за лекови, службата за имунизација при министерството за здравство, експерти од фармацевсткиот факултет.
Филипче информираше дека во текот на следната недела се очекува да пристигнат и другите количини од Србија, а според последните информации од производителот, поради тамошните празници до крај на месецов треба да пристигнат и кинеските вакцини во земјата. Согласно планот, дневно ќе се вакцинираат помеѓи 2 и 4 илјади.
Next Post

Филипче: Нема да размислуваме дали да се разреши директор или раководител ако се утврди одговорност

НАЈНОВО

Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025
Фотографија на која се тврди дека е прикажан руски објект кој гори преку ноќ на 4 ноември 2025 година по украинскиот напад со дронови,Фото:Exile Nova/Telegram

Експлозии во руски магацин за муниција, рафинерии и петрохемиски погон по напади со дронови; изгоре руски воен брод во Севастопол

November 4, 2025
Скриншот

Кос: За напредок во проширувањето потребна е трајна трансформација на економиите и општествата на земјите кандидатки за членство

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk