ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИНФОГРАФИК) Поради ковидот, меѓуградскиот автобуски превоз лани имал 3 милиони патници помалку

February 25, 2021 11:15
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пандемијата со ковид-19 предизвика автобуските превозници во земјава лани да забележат историски негативен рекорд во бројот на превезени патници во меѓуградскиот, но и во меѓународниот превоз. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2020 година со меѓуградски автобуски превоз биле превезени 2.794.000 патници, додека со автобуските линии кон странските земји патувале само 141.000 патници.

Негативните бројки од минатата година се само продолжение на агонијата низ која минува автобускиот превоз во земјава во изминатиов период. Во споредба со 2019 година, лани бројот на патници во меѓуградскиот превоз е намален за дури 3 милиони патници, додека во меѓународниот автобуски превоз во 2020 година имало половина милион патници помалку во однос на годината пред тоа.

Податоците се уште полоши доколку се споредат со периодот пред 2013 година, кога меѓуградскиот автобуски превоз превезуваше по 15 милиони патници годишно.

Главните причини за опаѓање на бројот на превезени патници лани е ограничувањето на максималниот капацитет на исполнетост на превозните средства, кои автобуските компании мораа да го следат во оние периоди кога беше дозволен меѓуопштински превоз. Полициските часови што беа на сила минатата пролет, како и привремените забрани за превоз на патници кон и од одредени општини, предизвикаа целосен прекин на линиите за превоз на патници во одредени периоди.

Единствена можност за подобрување на состојбата е зголемувањето на капацитетот за превоз на патници. Владата на вчерашната седница токму на барање на групата општински и меѓуопштински превозници дозволи зголемување на дозволениот број на патници од 50 на 75 отсто од вкупниот капацитет на превозните средства. Владата го прифати ваквото ублажување на рестрикцијата по добиената согласност на Комисијата за заразни болести.

Инаку, „Мета.мк“ во изминатиов период во неколку наврати пишуваше за причините поради кои доаѓа до опаѓање на интересот за користење на автобускиот превоз во земјава. Дотраениот возен парк, недоволната контрола на инспекторите околу нерегуларностите во превозот на патници кај одредени превозници и наголемувачкиот број на диви таксисти доведуваат до тоа граѓаните да избегнуваат користење на автобусите и пораст на патувањата што ги вршат со своите автомобили. /МЕТА/

 

Next Post

За една недела во Скопје подигнати 207 непрописно паркирани возила од јавните површини

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk