ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бесими: Даночната реформа ќе се заснова на праведност, подобра наплата, транспарентност, дигитализација и „зелено“ оданочување

February 28, 2021 12:24
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 Поголема праведност во оданочувањето, подобра наплата на приходите, зголемена транспарентност, подобри услуги и воведување еколошко „зелено“ оданочување се петте приоритети во Стратегијата за реформа на даночниот систем 2021-2025 година, која е усвоена од Владата, вели министерот за финансии Фатмир Бесими.

Во интервју за „Капитал“, тој посочува дека главната цел на даночната политика е обезбедување одржлив економски раст и развој, притоа обезбедувајќи правна сигурност за даночните обврзници и редовна наплата на јавните приходи.

Министерот за финансиии наведува дека прв приоритет во Стратегијата е поголема праведност во оданочувањето, со цел да се обезбеди секој да ја исполнува својата општествена обврска и да го плаќа својот праведен удел од данокот. Посочува дека очекуваните резултати се преоценка на моделот за праведно оданочување, имплементација на стандардите за спречување  ерозија на даночната основа и преместување на профитот (БЕПС), усогласување на националното законодавство со наднационалното законодавство на Унијата и слично.

Како втор приоритет Бесими ја издвојува поголемата ефикасност и продуктивност на даночниот систем за подобра наплата на приходите, преку поефикасна борба против нерегистрираните дејности и затајување на данок и зајакнат институционален капацитет, анализа и доуредување  на даночната основа, намалување на заостанатите даночни обврски и спроведување на регистар на вистински сопственици.

-Некои од мерките предвидени за подобрување на ефикасноста и продуктивноста на системот за наплата на даноците се преглед на постојната даночна регулатива, воведување на напредни технологии, зајакнување на капацитетите на институциите, модернизација и автоматизација на работните процеси, засилена институционална координација, како и подобра соработка на меѓународно ниво, вели министерот за финансии.

Третиот приоритет во Даночната стратегија е зголемена даночна транспарентност, што вклучува подобрување на размената на информации помеѓу даночните органи и други субјекти, која во прв ред ќе се заснова на електронски услуги и дигитализација на процесите, наведува во интервјуто министерот.

Како еден од петте приоритети во Стрегијата издвоен е и подобрување на квалитетот на услугите. Целните резултати се поголем степен на дигитални услуги, подобро управување со издавањето на увозно-извозни дозволи, елиминирање на непотребните нетарифни бариери и подобра внатрешна и даночна контрола.

Последниот или петти приоритет е воведување еколошко („зелено“) оданочување, вели Бесими, со цел стимулирање на даночните обврзници да ги намалат активностите, кои придонесуваат за загадување на животната средина.

-Главната цел е справување со загадувањето и заштита на природните ресурси. Дополнително, како резултат на ова може да се очекува и зголемување на буџетските приходи, вели министерот Бесими.

извор: МИА

Next Post

Во текстилниот сектор лани без работа останале 6783 лица

НАЈНОВО

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk