ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Сослушани вештак и сведоци на обвинителство за случајот „Друмарина“, Бонева вели – вештакот призна дека погрешно утврдил помал број на поминати километри

March 4, 2021 16:53
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Судењето за случајот „Друмарина“, во кој поранешната пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева, се сомничи за измама со фискални сметки од патарина, која го чинела Собранието околу 100.000 евра, продолжи денеска со сослушување на двајца сведоци и едно вешто лице предложени од Обвинителството.

На прашањето од обвинителот, сведокот Љупчо Стружанчев, вработен како самостоен референт во секторот за финансиски прашања во Собранието на Република Северна Македонија, рече дека, меѓу другото, бил ангажиран и како возач при што возел и пратеници помеѓу кои и обвинетата Бонева, пренесува МИА.

Сведокот појасни дека ја превезувал пратеничката на повеќе дестинации, како што се хотелот Александар Палас и повеќе странски амбасади каде што одржувале приеми. Но, ги кажа и местата каде што ја оставал потоа.

– Јас колку што се сеќавам најчесто госпоѓата Бонева се симнуваше кај Макпетрол Авто Македонија, тука, тој потег, после тоа мислам дека таа улица се вика „50-та Дивизија“, тоа е едносмерната улицата каде што излегува од Клинички центар и се спојува со Булеварот на Водњанска и третото место каде што сум ја оставал е спроти Министерството за внатрешни работи, истакна сведокот.

На прашањето од обвинителот од прилика во кој период од денот се случувало ова, тој одговори дека обично околу 18 часот се тргнувало на средбите и траеле некаде до 21 часот.

На прашањето од бранителот на Бонева, дека покрај неа тој возел и други пратеници сведокот потврди дека превезувал и друго пратеници кои не се од Скопје, а ги оставал на локации во главниот град.

Сведокот беше испрашуван од Бонева, која пак за него рече дека сака да се запише во записникот дека таа и Стружанчев имале нарушени односи, односно, таа имала покренато постапка против него која, како што рече, завршила неповолно за овој сведок.

Вториот сведок вработен во Собранието на Република Северна Македонија како референт доставувач на пошта, исто така, потврди дека и тој превезувал пратеници, меѓу кои и обвинетата Бонева, а како локации каде ја оставал после настаните ги наведе дирекцијата на Макпетрол и еднаш, двапати ја оставил спроти главниот влез на МВР.

Вештото лице Кире Костов, кој последен беше сослушан на денешното рочиште кој е овластен вештак од област на материјално, сметководствено и финансиско работење, рече дека според изготвеното вештачење по наредбата на СЈО утврдил дека вкупниот број на фискални сметки изнесува 2932 сметки.

Одбраната посочи дека вештото лице има констатирано дека на сите патни налози нема потписи во делот на потпис на ликвидатор и потпис на раководител на сметководство, со што праша дали ова значи дека државните институции при вакви исплати се должни да постапуваат по одредени правила, на што вештото лице одговори потврдно.

Одбраната потоа праша, имајќи предвид дека вештото лице има увид во документацијата, дали истиот смета дека исплатите на патните налози се вршени според Правилникот за сметковдството за буџетите и буџетските корисници, согласно член 14 став 1,3 и 4.

На што сведокот одговори дека не може да дава претпоставено мислење за ставот на институцијата дека исплатата била извршена врз основа на целосна или валидна документација или нецелосна документација.

– Јас само констатирав дека на налогот за службени патувања, врз основа на кои се вршени исплатите недостасуваат потписи на ознаките за раководител на сметководство и ликвидатор. Дали тие налози за службени патувања некој ги контролирал во Собрание или не ги контролирал и во конкретниов случај, не ставил потпис на предвидените ознаки за таа намена, јас не можам да одговорам, кажа вештото лице.

На прашањето во делот од вештачењето кој се однесува на употреба на банкоматите од подигнување на парични средства на Стопанска банка, одбраната посочи дека вештакот во вештачењето навел дека сите пари што се подигнати од сметката на Бонева преку банкоматите биле подигани од Бонева. Меѓутоа, тие посочија дека вештакот нема утврдено колку од парите подигнати во готово од банкоматите од сметката на Бонева се подигнати од Александар Бонев, кој бил овластен, со неговата картичка, а колку со картичката на Силвана Бонева.

– Јас во моето вештачење никаде не тврдам дека сите парични средства се подигнати од Силвана Бонева. Моите констатации во однос на ова прашање се врз основа на листинзите за финансиските трансакции преку автомати(АТМ) апарати од Стопанска банка АД Скопје, одговори сведокот и дополни дека за паричните средства подигнати во готово на шалтерите на банката постојат исплатени листи на лицето кое ги подигало парите.

Бонева која што пред судот и вештакот приложи неколку конкретни патни налози со прикачени фискални сметки за кои, според неа, се утврдило дека не се совпаѓаат датумите, праша дали ова значи дека ако патните налози биле контролирани од овластените лица, ќе се извршела ли исплата на патен налог со погрешно прикачени фискални сметки од друг ден и друг месец. На што вештото лице одговори негативно.

Обвинетата приложи уште неколку примери во кои, според неа, имало временски несовпаѓања. На ова вештакот одговори дека фискалните сметки во кои не се совпаѓаат датумите ги констатира во вештачењето врз основа на доказите кои што ги имал на увид во смисла, час на гласање, завршување на гласање, седници на комисиите на Собранието на кои не се евидентира часот на гласање, туку само часот на почеток на седница, пренесува МИА.

Силвана Бонева преку Фејсбук објава вели – „Вештакот на СЈО призна дека погрешно утврдил помал број на поминати километри со моето возило, што е идентичен со погрешно утвртдените километри на СЈО, објавени од обвинителката Фатиме Фетаи, седум месеци пред тој а биде ангажиран како вештак.“

„Се потврди дека вештакот на обвинителството изготвил еднострано вештачење, анализирајќи ги само податоците што му ги дале од СЈО, а воопшто не земајќи ги во вид моите докази, како што се доказите за извор на средства за исплата на станот, доказите за живеење во Струмица, доказите за моето континуирано патување на релација Струмица – Скопје – Струмица, како и доказите за потребата од користење на други две возила кога моето беше на поправка по 9те сообраќајќи или кога не можев да возам заради здравствени причини.

Исто така, се утврди дека вештакот на СЈО ем погрешно утврдил помал број на поминати километри со моето возило, ем идентично го препишал во вештачењето баш истиот тој број на погрешно утврдени километри од СЈО што беше објавен од обвинителката Фатиме Фетаи 7 месеци пред да биде ангажиран како вештак. По мое реагирање, судијата даде пауза за вештакот на СЈО да го пресмета уште еднаш точниот број на поминати километри, по што истиот призна дека направил грешка и погрешно утврдил помал број на поминати километри со моето возило!

Покрај сето тоа, вештакот на СЈО потврди дека од страна на службите на Собранието биле направени технички грешки при пишувањето и прикачувањето на фискалните сметки на патните налози и дека неколкуте фискални сметки што не се совпаѓаат со времето на моето гласање во Собранието, се резултат на нивна ненамерна грешка. Се потврди и дека патните налози не сум ги пишувала ниту средувала јас, туку собраниските служби, а собраниското книговодство било должно да ги проверува патните налози и да не дозволи исплата на погрешно прикачени фискални сметки.

Оттука произлегува дека обвинението на СЈО дека сум ги измамила собраниските служби во врска со исплаќање на патните налози не е основано.

Исто така, вештакот на СЈО потврди дека нема ништо спорно или незаконски во парите што ги има исплатено Собранието за патарини и не може да се сметат како противправна имотна корист, како што обвинува СЈО.“, наведува во својата објава поранешната пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Бонева.

Судењето во овој случај го води судијата Марин Станевски, а обвинението е застапено од обвинител Артан Ајро.

J. Ѓ.

Next Post

Запленета марихуана кај Радожда

Shortcut

Најново

Од ладна резерва до рекордна добивка: Што се случи со ТЕЦ „Неготино“ во кризата?

August 30, 2026

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk