ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Врнежи од снег на Попова Шапка, од утре пониски температури, врнежи од дожд и снег на повисоките места

March 9, 2021 13:24
in ДЕНЕС, ИНФО ПИТ
Share on FacebookShare on Twitter

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Врнежи од ситен снег има на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Намалена видливост поради појава на магла од 20  до 30 метри има на планинскиот превој Пресека, информира Диспечерскиот центар на ЈП „Македонијпат“ во пладневниот извештај за состојбата на патиштата.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот.

Повремени врнежи од дожд, кои локално на западот ќе бидат пообилни, а на планините и на некои повисоки места  повремен снег, и засилен северозападен ветер, најавуваат за утре метеоролозите.

Од УХМР информираат дека утре времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Во текот на денот границата на снежните врнежи ќе се спушта, па врнежите ќе преминуваат во снег и на некои пониски места во западните делови. Најобилни врнежи се очекуваат на западот (локално над 25 л/24ч), каде на планините снежната покривка ќе се зголеми, а до крајот на денот мала снежна покривка ќе се формира и на некои пониски места.

Утре попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието, кој
ќе се задржи до четврток претпладне и ќе услови опаѓање на температурата. Од четврток до
недела ќе преовладува стабилно време со пораст на дневната температура.

Дневната температура утре ќе се движи од три до 13 степени, задутре од пет до 11 степени, петок од осум до 13, сабота од 12 до 18 степени, недела од 11 до 17 степени,а в  понеделник од 8 до 14 степени.

Next Post

Вакцинирани 3.759 здравствени работници

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk