ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ТВ-водителот, Пирс Морган, кој ја навредуваше Меган Маркл, поднесе оставка

March 10, 2021 10:09
in LIFESTYLE, ДЕНЕС, СВЕТ, СЦЕНА

Британскиот телевизиски водител Пирс Морган денеска поднесе оставка од Ај-ти-ви и повеќе нема да биде домаќин на емисијата по која е познат во цел свет – „Добро утро, Британија“, по навредливите коментари на сметка на Меган Маркл, сопругата на принцот Хари.

„Разговаравме со Морган и тој одлучи дека е време да ја напушти емисијата, а одборот на Ај-ти-ви ја прифати одлуката и нема што повеќе да додадеме“, се наведува во соопштението.

Пирс беше водител на шоуто во понеделник, вторник и среда и на последните емисии, имаше остри коментари за Меган и принцот Хари, по интервјуто кај Опра Винфри, во кое војвотката од Сасекс го критикуваше кралското семејство за расизам. Имено, Морган ја обвини младата двојка дека му нанела голема штета на кралското семејство, барајќи публицитет под свои услови, без да прифати одговорност и она што го подразбира нивната позиција.

Тој, меѓу другото, рече и дека на „принцезата Пинокио“ не ѝ верува за ниту еден нејзин збор.

– Се уште сум сериозно загрижен за се што рече Меган, но мора да ги искажам моите ставови за психичките болести и самоубиствените мисли. Таквите работи треба сериозно да се сфатат (Меган рече дека размислувала за самоубиство додека била во домот на кралското семејство) и треба да ѝ се помогне, доколку е потребно, со третман, рече Морган.

Како што пренесуваат британските медиуми, тој дури влегол во конфликт со колегата водител Алекс Бересфорд, што го натерало и да истрча од студиото среде емисија.

Коментарите и однесувањето на Морган предизвикаа 41.000 поплаки до британската Радиодифузна агенција. Наспроти се, Каролин Меккол, извршна директорка на телевизијата, изјави дека апсолутно верува во она што Меган Маркл го рече кај Опра.

Next Post

Повредени и уапсени по синоќешните сериозни инциденти во Атина

НАЈНОВО

Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

August 19, 2025

„Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

August 19, 2025
Фото: Ви

Швајцарија ќе му даде имунитет на Путин ако дојде во земјата на мировни преговори

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk