Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими денеска ќе замине во посета на Луксембург. За време на посетата, владината делегација ќе се сретне со претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хојер, а ќе оствари средба и со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел.
Јавното обвинителство на Република Северна Македонија потврди дека врз основа на сознанијата од Агенцијата за национална безбедност дека Јордан Камчев се подготвува за бегство, е побаран притвор од 30 дена за него.
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) вчера соопшти дека се запленети вкупно 4,5 тони путер со поминат рок кој денес ќе биде уништен на „Дрисла“. И Фронтлајн побара одговор од АХВ, но до моментов не е пристигнат одговор. „Слободен печат“ објави дека запленетите количини се производ на турската млекара „Суташ“. АХВ соопшти дека запленетите количини утре ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“.
„Треба да се одржи пописот, да видиме кој сме и што сме. Тие што повикуваат да не ги примаме попишувачите дома, тие нема да доаѓаат по 100 души, ќе дојде 1 или двајца попишувачи“… Граѓаните помудри од некои политички партии, погледнете ја видео анкетата на Цивил во Гостивар.
Преку апликацијата за самопопишување заклучно до 08.00 часот денеска се евидентирани 64.176 лица од дијаспората. Ги повикувам нашите иселеници, целата дијаспора, да одвојат 10 минути од своето време и преку едноставната апликација да се попишат и со тоа да придонесат за подобра иднина и поквалитетен живот во татковината од која потекнуваат и каде што се надеваме дека повторно ќе се вратат, вели министерот Османи.
Луди, збунети, притворени и пребегани… Навистина не изгледа како добра одбранбена стратегија за свој главен адвокат г. Орце Камчев да го ангажира претседателот на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, адвокатот Тони Менкиноски, во предмет во кој партијата на Менкиновски наводно е оштетена со 1,3 милиони евра. Ќе има Обвинителството уште многу работа за – ако сака – да ги докаже сомневањата и обвинувањата со кои го товарат. Може ли притворот да ги забрза тие постапки? Пишува Сашо Орданоски/ЦИВИЛ МЕДИА.
М. Миткоска





