ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Промовиран нов систем за тестирање на знаењето на англискиот јазик СТАНАГ за припадниците во Армијата и одбраната

March 15, 2021 12:10
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Центарот за обука „Д-р Џозеф Крузел“ во скопската касарна „Гоце Делчев, денеска во присуство на минситерката за одбрана Радмила Шекеринска беше промовиран новиот софтвер за тестирање на знаењата на припадниците на Армијата и вработените во одбраната на англискиот јазик, согласно НАТО стандардот, СТАНАГ.

Како што нагласи Алкмина Димова Стоименова од СТАНАГ, од овој месец започнува официјалната употреба на компјутерскиот софтвер за тестирање по англиски јазик, со што ќе се овозможи сертифицирање поголем број персонал со соодветно ниво на познавање на англискиот јазик. Со тоа, истакна, ќе се придонесе кон исполнување на веќе поставените способности и побарување од НАТО, со што нашата држава ќе стане што повеќе компатибилна и интеоперативна во доменот на владеењето на англискиот јазик. За регулирање на овој нов компјутерски начин на тестирања, Димова Стоименова појасни дека претходело изработка и донесување ново упатство за начинот на постапување на специјалистите за јазично тестирање, како и изработка на нови насоки за компјутерсо полагање, што сите вработени имаат можност да ги прочитаат на  веб страниците на МО и на Армијата и подетално да се запознаат со правилата и процедурите за компјутерското полагање.

За Армијата и за одбраната познавањето на, пред се англискиот јазик, потенцира министерката Шекеринска, е една од способностите што мораме да ја гарантираме како членка на НАТО. Голем дел од нашите офицери, старешни и војници, учествувале и ќе учествуваат во НАТО операции, а еден дел од нив, рече таа, ќе работат во командидте на НАТО, во центрите за обука и на различни други задачи кои подразбираат високо познавање на англискиот јазик. Преку веб страницата на МО и на Армијата со овој софтвер им се дава шанса на сите оние кои планираат да се тестираат за СТАНАГ, самите да го проверат своето познавање на англискиот јазик.

–  Високото познавање на англискиот јазик, мора да биде правило, кое сите ќе го почитуваат, Не случајно во Законот за служба во Армијата воведовме правило според кое секое унапредување од мајор па нагоре, ќе има и дополнителен услов, а тоа е повисок степен на познавање на англискиот јазик, изјави Шекеринска, истакнувајќи дека бројот на тестирани секоја година ќе расте, а стандардите ќе бидат се повисоки.

Додаде дека и оние кои секој ден ќе работат во Армијата и во одбраната, голем дел од нивната задача ќе биде комуникација со НАТО колегите и затоа познавањето пред се на англискиот јазик, што е доминантен НАТО јазик присутен во Армијата на РС Македонија, е услов без кој не се може.

– Како институција не сакаме само да ги подигнеме стандардите, туку и да им помогнеме на сите припадници на Армијата и вработените во МО да ги постигнат тие стандарди. Јазикот е средство за комуникација, јазикот ќе биде и оценка на нашата способност, интероперабилност, меѓутоа јазикот е и област во која како Армија и како Министерство покажавме дека вложуваме, изјави меѓу другото Шекеринска.

извор: МИА

Next Post

Немам време да се занимавам со тоа дали некој ми прави опструкции, вели Хоџа

Shortcut

Најново

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Србија пред избори: Неизвесна трка, високи тензии и 116 инциденти со насилство и закани

October 24, 2026

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk