ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МЖСПП: Потпишан Меморандум засоработка за изработка на новиот Просторен план на РСМ

March 15, 2021 13:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за животна средина и просторно плaнирање, Насер Нуредини, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Андријана Андреева и раководителите на осумте Центри за развој на планските региони, денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој сите страни ја изразија подготвеноста за соработка во процесот на изработка на  Просторен план на Република Северна Македонија, информираат од МЖСПП.

Министерот Нуредини во поздравното обраќање истакна дека потребата за изработка на нов просторен план произлегува од истекувањето на постојниот плански документ, но и заради промената во условите и современите потреби на нашето општество. Просторниот план претставува национална стратегија за просторен развој и дава насоки за организација, користење, заштита, уредување и управување со просторот на државата. Процесот на изработка на Просторниот план ќе биде инклузивен и ќе ги вклучи сите релевантни институции во државата, како и невладиниот сектор, а ќе биде усогласен и со регионалното просторно планирање преку консултации со соседните земји и усогласување на пограничните и прекуграничните активности.

Исто така, Нуредини посочи дека новиот Просторен план на државата ќе биде современ и визионерски и ќе овозможи долгорочен и одржлив социо-економски развој,  превенција и контрола на неговото штетно влијание врз животната средина и ќе воспостави баланс помеѓу расположивиот простор, економскиот и демографскиот развој, природните и културните ресурси.

–          Со новата методологија се предвидуваат и механизми за справување со климатските промени како и усогласување на секторските политики и наоѓање на најсоодветни решенија – истакна Нуредини.

Раководителот на Секторот за просторно планирање Неби Реџепи рече дека целокупниот процес ќе биде поткрепен со нова законска регулатива од областа на просторното планирање, односно  ќе диде поткрепен со изработка на новиот Закон за просторно планирање и спроведување  на Просторниот план  за што ќе бидат вклучени домашни и странски експерти од областа на планирање на просторот.

Директорката на Агенцијата за планирање на просторот Андријана Андреева во поздравното обраќање укажа на важноста на просторниот план нарекувајќи го „устав во планирањето“ и подготвеноста да се ангажираат сите расположиви стручни ресурси, Исто така, укажа и на важната улога на планските региони и нивното учество во овој процес што произлегува не само од фактот што за секој плански регион ќе се изработи посебен просторен план како разработка на националниот, туку и поради нивната улога во напорите за постигнување на рамномерен регионален развој во дражавата.

Нарачател на Планот е Министерството за животна средина и просторно плaнирање, кое ја координира целата постапка за изработка и ги спроведува процедурите на донесување на Планот согласно Законската регулатива и Методологијата за изработка на Просторниот план, додека изработувач на Просторниот план е Агенцијата за планирање на просторот.

Инсерти од потпишувањето: се достапни на : https://youtu.be/Az3QQQ85mII

—

Next Post

Изјава на директорот на АХВ Николче Бабовски во врска со запленетиот путер (во живо)

НАЈНОВО

Марија Среброва од Левица: Мирослав Лабудовиќ ја навредува интелигенцијата на Центарци

October 31, 2025

(ВИДЕО) Филипче: Во општините каде немаме кандидат членовите да гласаат по сопствено убедување и вредностите

October 31, 2025
Скриншот

Трамп повикува на укинување на правилото што ја блокира работата на американскиот Сенат

October 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Управниот одбор на Комунална хигена до Арсовска: Сите ингеренции и надлежности да назначувате и разрешувате директори ги имате исклучиво вие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Орце за откажувањето на дебатата со Амар: Вечерва одбрав да бидам со мојот народ, на завршниот митинг во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk