Оваа Влада е транспарентна и отчетна и вчера објавивме нова алатка, со која секој ден ќе имате точна бројка на приходи, расходи, капитални инвестиции и државен долг, соопшти вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.
Тој додаде дека при планирање на буџетот 2020 година имавме историски најнизок буџетски дефицит некаде 2,9% за да завршиме на 8,1%.
Таа разлика во буџетскиот дефицит се креира заради две работи, за дополнителните расходни страни заради економската криза и дополнителните разлики или празнина во приходната страна која што е заради намалувањето на економијата, рече Битиќи.





